Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вулин во друштво на Спасовски во Старо Нагоричане: Секогаш ќе може да сметате на нас

0
By Sashko on August 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со неговиот српски колега Александар Вулин попладнево престојуваа во Старо Нагоричане, каде е локализиран пожарот што беснееше во текот на вчерашниот ден, но, како што наведе Спасовски, поради теренските специфики и временските услови бара насочување на добар дел од капацитетите за да се избегне ризикот од негово повторно ширење.

– Во текот на вчерашниот ден, особено во попладневните часови, се соочивме со навистина сериозна ситуација со 13 активни пожари, посебно на источниот дел од државата, од кои дел и на тешко пристапни локации, што беше причина да ја напуштам свеченоста на Мечкин Камен во Крушево и веднаш да дојдам во регионот, каде македонската полиција беше на терен и помагаше во гасење на пожарите. Меѓу нив и овој на подрачјето на Старо Нагоричане, кој е локализиран, но поради теренските специфики и временските услови бара насочување на добар дел од капацитетите за да се избегне ризикот од него повторно ширење, рече Спасовски на средбата со Вулин.

На средбата при посетата на Старо Нагоричане присуствуваа и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

– Имавме тешка и долга илинденска ноќ, но нашето место беше рамо до рамо со нашите граѓани. Државата е со нив, со сите расположливи ресурси, а со нас денеска се нашите пријатели од Србија. Тие ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, што ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата. Би сакал да упатам голема благодарност до Република Србија, која повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко и до министерот Вулин лично, за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани, рече Спасовски.

Спасовски подвлече дека солидарноста и заедништвото се многу важни во вакви моменти, а благодарение на функционалноста на системот, на професионалноста на службите – пожарникарите, полицијата, армијата, локалната самоуправа, но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, како и одговорноста на медиумите при известувањето, ситуацијата со вчерашните пожари е ставена под контрола, додавајќи дека состојбата  и понатаму будно се следи, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва се очекува да стигнат од пријателите и сојузниците.

– Секој еден е важен кој ќе ни се приклучи во оваа наша борба. Материјалната штета повторно заеднички ќе ја надоместиме, а безбедноста на граѓаните останува наш најголем приоритет, порача Спасовски, апелирајќи до граѓаните да избегнат движење по шумите, согласно владината одлука за целосна забрана за движење во шума, истакна тој.

Српскиот министер Вулин истакна дека од денеска на просторот на Северна Македонија се наоѓаат четири хеликоптери на МВР на Србија, од кои три се противпожарни, односно можат да гасат пожар, а четвртиот е за извидување и наведување, а доколку ситуацијата се влоши, додаде тој, спремни сме да интервенираме и со наши луѓе и со техника каде што ќе биде потребно.

– Само неколку дена по Самитот во Скопје, каде нашите лидери ја изразија потребата на сите народи на Балканот да бидеме поблиску едни кон други и низ сите форми на соработка навистина да создадеме „Отворен Балкан“, денеска се покажува колку е тоа важно и колку е потребно, рече Вулин, додавајќи дека српскиот претседател Вучиќ по разговорот со премиерот Заев веднаш издаде наредба за помош на граѓаните на Северна Македонија, независно што и кај нив е актуелен проблемот со пожарите.

Тој потсети дека зад опожарените ридови се наоѓаат ридови кои и припаѓаат на Србија, па изгаснатите пожари тука ќе значат превенција од проширување на пожарите на територијата на Србија.

– Сите ние сме едно на овие простори и мораме да бидеме блиску, што поблиску едни кон други. Би сакал да изразам полна солидарност кон граѓаните на Северна Македонија во име на Владата на Република Србија и Министерството за внатрешни работи и да порачам дека нашата помош е тука, таа секогаш ќе биде брза, сигурна и на нас секогаш ќе можете да се потпрете, нагласи Вулин.

Александар Вулин Македонија Оливер Спасовски пожари Старо Нагоричане
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.