Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел присуствуваше на донација на систем за деминирање од ЕУ за Украина

0
By Marija Todorovska on February 7, 2024 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 7, 2024 13:22

Додека се бори против агресорот, Украина во исто време и се обновува, при што нејзините деминери преземаат исклучително опасната, но суштинска задача, за да ја исчистат ослободената територија од смртоносните мини што зад себе ги оставија руските агресори, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во Киев на церемонијата на предавање на системот за расчистување мини ДОК-ИНГ МВ-10, кој е донација од Унијата за Украина.

– Чест ни е што можеме со оваа европска опрема да ја направиме побезбедна и поефикасна работата на украинските деминери. Заедно можеме да помогнеме да спасиме животи и да придонесеме за подобра иднина за Украина, рече Борел при предавањето на донацијата на украинската Државна специјална транспортна служба.

Донацијата е во рамки на пакетот за поддршка на ЕУ за деминирање за Украина вреден 25 милиони евра. Досега ЕУ како дел од овој пакет на Украина и донираше основна опрема за деминерските тимови, специјални пиротехнички возила и автоматизирани системи за деминирање.

Системот за деминирање на далечински управувач МВ-10 се користи за расчистување на противпешадиски и противтенковски мини, како и други експлозивни средства и е погоден за работа на големи површини. МВ-10 може да деминира до 4000 квадратни метри на час.

Борел кој од вчера престојува во дводневна посета на Украина, во текот на вчерашниот ден го посети Центарот на Мисијата на ЕУ за обука на украински безбедносни сили, каде досега е спроведена обука на 150 припадници на Националната полиција и Националната гарда.

Високиот претставник на ЕУ при посетата истакна дека овие обучени припадници на украинските безбедносни сили ќе спроведат обука на илјадници свои колеги, што е показател за напорите на ЕУ за стабилизирање на териториите ослободени од руската окупација.

– Се соочувате со тешки ситуации кога повторно ја преземате контролата врз ослободените територии затоа што цивилните инфраструктури се уништени и се е ограбено. Мора да се вратат законот и редот, рече Борел.

Тој додаде дека на ослободените територии се пронајдени замки, бомби и скриени мини поставени од Русите при повлекувањето, како и масовни гробници, за што мора да ги известат роднините на жртвити и за што е потребен соодветен психолошки капацитет.

– Ова се работи што бараат обука, а тоа е она што го правиме со оваа специфична мисија за обука на безбедносните и полициските сили. Во реалниот живот, бомбите експлодираат. Во реалниот живот, луѓето се убиваат. Во реалниот живот откривате масовни гробници. А во реалниот живот луѓето што се во масовните гробници имаат роднини. Сето тоа се случува на ослободените територии и иако ова не е директно поврзано со борбите во првата линија на фронтот, тоа исто така е дел од издржливоста на украинското општество и издржливоста на украинскиот народ, рече Борел.

Како што соопшти вчера Европската служба за надворешни работи, за време на дводневната посета на Киев, покрај посетата на Советодавната мисија на ЕУ, предвидено е Борел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и министрите за надворешни работи и за одбрана Дмитро Кулеба и Рустем Умеров, како и да се обрати и пред пратениците во Врховната Рада.

Борел ЕУ Киев Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.