Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и поврзуваат платните системи на земјите од Западен Балкан

0
By Marija Todorovska on February 2, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 2, 2024 12:10

Преку проектот на Светската банка за „Модернизација на плаќањата на Западниот Балкан“, во кој учествува Народната банка, како и останатите централни банки од регионот, со натамошна дигитализација и поврзување на земјите од регионот во областа на плаќањата, ќе се  работи на олеснување на прекуграничното тргување, зголемување на конкурентноста и намалување на трошоците за меѓународните плаќања, кои во моментов се повисоки и до шестпати во однос на земјите од ЕУ.

Како што информираат денеска од Народната банка, проектот што Светската банка го спроведува во соработка со Регионалниот совет за соработка, Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА) и со поддршка на Европската комисија, се состои од повеќе столбови.

-Еден од нив се однесува на усвојувањето на регулативата на ЕУ во областа на плаќањата, што ќе им помогне на земјите од Западен Балкан за побрзо интегрирање во Единствената европска платежна област (СЕПА), во согласност со новиот План за раст на Западен Балкан на ЕУ. Понатаму, проектот го засега и унапредувањето на инфраструктурата за плаќањата, односно воспоставувањето брзи плаќања и постигнувањето интероперабилност. Брзите плаќања овозможуваат инстант пренос на парични средства 24 часа дневно, секој ден во годината. Одделни активности во рамките на овој столб се однесуваат на воведувањето иновативни финтек-решенија за извршување плаќања, како и на поврзувањето со системот за порамнување на инстант плаќањата (ТИПС) на Евросистемот, појаснуваат од Народната банка.

Дигитализацијата на плаќањата, нагласуваат од Народната банка, носи придобивки за граѓаните, фирмите и економијата и додаваат дека со дигиталните плаќања може да се намалат трошоците и да се подобри пристапот до финансии за околу 1,9 милиони луѓе на Западен Балкан, кои сега не располагаат со платежна сметка, да се намали родовата нееднаквост, како и разликите меѓу урбаните и руралните средини.

Според Народната банка, за фирмите, дигиталните плаќања можат да обезбедат пристап до податочни складови (англ. big data), но и подобрување на ликвидноста. За економијата, придобивките се состојат од полесен, побрз и поевтин начин на плаќања, коишто ќе ги поддржат трговските и финансиските текови, но и поголема транспарентност, што придонесува кон намалување на корупцијата и сивата економија, којашто според истражувањата се намалува за 2 отсто, со раст на дигиталните плаќања за 10 отсто.

Директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски посочува дека овој проект ја зајакнува регионалната соработка и поттикнува побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во СЕПА, што, како што вели, би довело до повеќе придобивки за компаниите и за граѓаните, поточно поевтини, побрзи и поудобни прекугранични плаќања.

ЕУ Западен Балкан модернизација Народна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.