Author: Xhabir Deralla
Пишува: Борјан Јовановски Мицкоски нè повикува на референдум. Искрен да бидам, повикот ме израдува. Неподнослив станува овој наш европски лет во место. 30 години транзиција и 30 години биполарност, меѓу -сакаме Европа, ама таа Европа е курва која само што не се распаднала од сите можни венерични болести – е неподносливо. Еве, се пријавувам јавно, да бидам еден од првите потписи на списокот на Мицкоски на барањето за распишување на референдум со услов референдумското прашање да соодветствува на суштината на оваа референдумска операција.
Првиот меѓународен саем Винска Визија, што е дел од програмата на Самитот Отворен Балкан во Белград, завршува денеска. Саемот го отворија тројцата лидери на земјите што ја основаа иницијативата Отворен Балкан, Александар Вучиќ, Димитар Ковачевски и Еди Рама.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА „Историјата ни кажува дека слепата лојалност кон еден единствен лидер и подготвеноста за вклучување во политичко насилство е фатална за демократијата“ – рече американскиот претседател Бајден во својот 25-минутен говор во Филаделфија на 1 септември. Бајден е на турнеја низ САД во поддршка на Демократите на конгресните избори што се одржуваат на 8 ноември. Остриот говор во Филаделфија е уште еден во низата јавни настапи на американскиот претседател во кои тој жестоко ја брани демократијата од Трамп и неговите поддржувачи кои веруваат во насилството како политичка алатка. Американската јавност сѐ уште дебатира околу тоа што тој, на…
Парламентарното мнозинство од трите коалиции предводени од Демократскиот фронт, Демократите и Граѓанското движење на Ура, на 2 септември потпишаа политички договор со кој се обврзаа да формираат нова влада на Црна Гора во следните петнаесет дена, објави РСЕ-Балкан.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Насилството, неодговорноста, бесот и гневот прераснаа во нескриени одлики на политичките партии на десницата и нивните апологети и поддржувачи меѓу јавните интелектуалци. Во својата (социјална) незрелост и непресметливост, тие не покажуваат ниту намера да се информираат за нештата, камоли да понудат одговори на клучните прашања на општеството и државата.
Русија со години се обидува да го убеди светот дека е развиена земја. Војната во Украина покажа дека тоа не е вистина. Земја чија економија се заснова на продажба на природни ресурси не може да победи во модерна војна.
Од целосната руска инвазија, украинските спроведувачи на законот регистрирале 29.194 злосторства на агресија и воени злосторства, извршени од Руската Федерација, вклучувајќи 1.146 само во текот на минатата недела, објави ажурирани податоци Јавното обвинителство, објави Укринформ, пренесе Цивил Медиа.
Денеска се одржуваат локални избори во три општини во нашата земја и тоа, за градоначалник на Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а во Тетово за Совет на Општина. ЦИВИЛ не акредитира свои набљудувачи на овие избори, но ќе спроведе мониторинг на спроведувањето преку пријави од граѓанките и граѓаните, како и со следење на ситуацијата на теренот, надвор од избирачките места, соопшти организацијата.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, попладнево се сретна со жителите на Требиште, Велебрдо, Ростуше и Јанче. Неговата посета на општина Маврово и Ростуше е дел од предизборните активности на партијата во пресрет на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Совет на Општина Тетово кои ќе се одржат на 20 август. Ковачевски ја започна својата посета на општината од манастирот Св. Јован Бигорски, каде што се сретна со епископот Партениј, како што соопшти СДСМ.












