Author: Zoran Ivanov
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани, изјави:
Иран соопшти дека ќе таргетира економски центри и банки поврзани со САД и Израел во регионот, а воедно ги предупреди граѓаните да се држат на најмалку еден километар оддалеченост од банкарски објекти.
Италијанската премиерка предупреди дека нападите врз Иран се дел од опасен тренд на едностраните интервенции, додека Рим продолжува да обезбедува противракетни системи за заштита на граѓаните и војниците во Заливот.
Прес конференцијата Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ: ВМРО за се лаже. Погледнете ја оваа вест зад мене. Кога ВМРО беше опозиција бараа, ветуваа намалување на акцизите за горивата. Ја добија довербата од граѓаните, и ги излажаа граѓаните. Денеска кога се власт, кога можат да ја намалат акцизата, да ги намалт цените, одбиваат. Иако на светските берзи цената на нафтата се намалува граѓаните на Македонија плаќаат поскапо гориво. Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не. Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот. Мицкоски вели најефитно гориво имало во Макеоднија. А…
Воведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и на производите во супермаркетите, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателот на Грција Константинос Тасулас и посочи дека освен геополитичката димензија, ги засегаат и економските последици од оваа криза.
По едвај една недела војна, јавната поддршка за политиките на Трамп е на ниво на поддршка за Виетнамската војна кон крајот на 1967 година, кога загинаа повеќе од 11.000 американски војници. Денешните Соединети Држави, пишува Лус, немаат политичка толеранција дури ни за неколку десетици мртви војници.
Министерството за финансии при спроведен надзор над работењето на финансиските друштва утврдило повеќе измамнички трговски практики, особено поврзани со рекламирањето на финансиските услуги, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.
Претставници на Синдикатот на културата денеска пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за „злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на правата од работен однос.
Скопје: Партијата СДА Македонија обвини дека изолационистичката политика на владата ја води македонската економија кон сериозна криза и пад на животниот стандард на граѓаните.
Сеќавањето на Холокаустот е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележување на 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. Тој истакна дека денеска „стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја и се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи, трагедија што засекогаш го обележа нашето колективно паметење“. Во март 1943 година, повеќе од седум илјади наши сограѓани – Евреи од Скопје, Битола и Штип – беа насилно собрани, одземени од своите домови, од своите семејства,…
ШОК: Toмовски дозна од ДКСК дека татко му не е вистинскиот татко Изгледа дека овие денови ДКСК се занимавала со ДНК анализи. Дошле до невидено откритие. Томовски од ДКСК дознал дека нема врска со фирмата во која што бил неговиот татко. Затоа нема врска со фирмата. Така дознал и дека татко му не му е татко. Затоа мора да се спроведат реформи во правосудството, да има независно судство и обвинителство, затоа мораме во ЕУ, за ова да не се случува повеќе. И токму затоа ВМРО-ОКГ и Мицкоски не сакаат реформи и не сакаат во ЕУ, да можат да се богатат…















