Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на културата: Кривична за Љутков – министерот не е над законот

0
By Zoran Ivanov on March 11, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2026 13:09

Претставници на Синдикатот на културата денеска пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за „злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на правата од работен однос.

Тие велат дека кривичната пријава ја поднесуваат со жалење, зашто до неодамна министерот Љутков бил еден од нив – колега и член на Синдикатот, кој заедно со нив се борел за правата на културните работници.

Денес, од позиција на министер, за жал, стои на спротивната страна од оваа борба. Министерот кој до вчера беше дел од синдикалната борба за работнички права, денес е симбол на нивното кршење. Министерот Љутков направи нешто што во правна држава не смееше да се направи. Со насоки пратени по мејл и упатство што сам го изготви и сам го потпиша, се обиде да ги поткопа правата на вработените во културата и да ги девалвира колективните договори. Упатство или мејл не е закон, а министер не е над закон. Упатството што го изготви министерот Зоран Љутков со иницијатива го поднесовме до Уставниот суд, со која бараме истото веднаш да се стави вон сила и да се поништи поради неуставност, рекоа од Синдикатот.

Тие велат дека има повеќе од 800 тужби од вработените во културата против институциите и државата.

Сведоци сме денес на над 50 судски пресуди во корист на синдикатот, од кои 8 се правосилни. Кога министерот не ги почитува законите и се става над нив, единственото место каде што може да се бара правдата е ова обвинителство, кое треба да го потсети дека никој не е над законите. Затоа денес сме овде и со целосна одговорност ја објавуваме кривичната пријава против министерот Зоран Љутков. Основниот суд во Битола повторно ја потврди првостепената пресуда, со што правдата уште еднаш излезе на виделина. Останува да видиме дали апелациониот судија во јавноста повторно ќе се обиде да ја поништи оваа пресуда повикувајќи се на наводен недостаток од економско вештачење во статусно-тужбено барање. Воедно, јавноста очекува и одговор дали Судскиот совет конечно ќе постапи по претставката што Синдикатот на култура ја поднесе против истиот овој апелационен судија, рекоа тие.

Со своите постапки, како што велат, министерот Љутков ги довел и директорите на институциите од културата „во исклучително незавидна и правно ризична позиција, туркајќи ги да постапуваат по негови упатства, иако тие беа во спротивност со законите, одлуките на управните одбори во институциите и сега последно со судските одлуки.

Поради тоа, рекоа дека ќе поднесат кривични пријави и против директорите на институциите од културата за повреда на правата од работен однос.

Важно е да се нагласи дека директорите на институциите беа претходно писмено предупредени од Синдикатот, дека доколку постапат по незаконските налози и ги прекршат правата на вработените, ќе следуваат кривични пријави. Наместо тоа, тие избраа да продолжат по погрешниот пат и сега следствено ќе мораат да се соочат со правните последици од таквите одлуки, велат од Синдикатот.

 

кривична култура Љутков Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.