Author: Zoran Ivanov
Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи го својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии.
Руските сили ноќеска извршија напад врз Украина, погодувајќи ја инфраструктурата во регионите Кијив и Одеса, оставајќи 56.000 семејства без струја.
Љупчо Коцарев, претходниот претседател на МАНУ, побара оставка од сегашниот, Живко Попов, обвинувајќи дека тој бил дел од „разнебитувањето“ на Академија што се случило во 2025. Попов беше избран за претседател на МАНУ во ноември 2023.
Најголемата закана за Украина и европската демократија не е само воената сила на Русија, туку и постепената ерозија на наративите.
Компанијата IFL Watches објави на своите страници на социјалните мрежи, кави часовници носат шефовите на држави и влади, лидери на НАТО и колку чинат.
На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија една од најзначајните личности на современата македонска култура.
Стотици граѓани излегоа на протести во Минеаполис откако утрово Федерални имиграциски агенти убиле 37-годишниот маж, во градот веќе потресен од смртта на Рени Гуд пред неколку недели.
Светската здравствена организација (СЗО) изрази жалење по повод официјалното повлекување на САД од оваа здравствена агенција на Обединетите нации.
„Сејф Сити“ ќе почне да ги санкционира возачите од 1 февруари оваа година, а камерите ќе снимаат четири видови на прекршоци.
Во Минеаполис, сојузни имиграциски агенти поврзани со ICE (Управата за имиграција и царина на САД) повторно одзедоа човечки живот на улиците на градот, откако 37-годишен локален жител беше убиен за време на федерална операција во саботата изутрината. Според официјалните извештаи, агентите на ICE тврдат дека лицето било вооружено со пиштол, по што тие отвориле оган, тврдејќи дека дејствувале „во одбрана“. Снимките што кружат од присутни граѓани што го снимиле инцидентот, не покажуваат таква ситуација. Снимките покажуваат дека убиениот маж, 37-годишен жител на Миннеаполис, ги снимал федералните имиграциски агенти на сред улица. Потоа се придвижува кон тротоарот и се обидува да…
Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари кој ќе се одржи пред просториите на ССМ со почеток во 17 часот.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на обраќањето на денешниот 31 Конгрес на партијата, ја обвини власта како што рече, дека „ја турнала Македонија во дипломатска изолација“. Според него, политиката која се води ја врзува Македонија за антиевропски и проруски центри на моќ, со сериозни последици по иднината и безбедноста на државата.















