Author: Zoran Ivanov
По гласањето во Советот на јавни обвинители, со поддршка од седуммина членови, наспроти два гласа „против“ и двајца „воздржани“, за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје беше избран Анел Фидоски.
Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој потенцираше дека „во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб – Алфа телевизија.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Велика Британија во нов пост на Truth Social, осврнувајќи се на одлуката на Лондон да го предаде архипелагот Чагос на Маврициус, договор што го вклучува и островот Диего Гарсија, каде што се наоѓа стратешки важна британско-американска воена база.
Бугарскиот претседател ја напушта функцијата со порака за нова политичка етапа, во пресрет на предвремени парламентарни избори што би можеле да го променат политичкиот курс на земјата.
Билјана Петровска: Камениот мост не сум го поминала питај бога од кога, да немав работа во Телеком уште долго не ќе го поминев. Она што го видов, ужас е благ збор. Едните голи лупаат на тарабука, други исполегнале на картони, трети играат комар. Трчаа странци за побрзо да ги одминат, ги нападнаа да им бараат пари.
Русија синоќа изврши силен напад врз Кијив, главниот град на Украина, користејќи балистички ракети и беспилотни летала, соопштија украинските власти. Во нападот избувнале пожари на инфраструктурни објекти, а во делови од градот дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Лани им се обрати на присутните преку видео-бим, годинава доаѓа лично – американскиот претседател Доналд Трамп се очекува во среда да зборува од говорницата на престижниот Светскиот Економски форум кој традиционално се одржува во швајцарскиот зимски центар Давос на крајот на јануари. Според аналитичарите, годинава собирот повеќе ќе биде во знакот на тоа кој се’ ќе присуствува на овој елитен настан, а кој нема, одошто ќе биде важно што ќе се зборува.
Ова не е битка меѓу партии. Ова е битка за смислата на демократијата. За правото на несогласување без понижување. За право на критика без страв. За јавен простор во кој економијата, животниот стандард и иднината на граѓаните ќе бидат поважни од егото на власта и од надуените пера што ѝ служат.
Карачи: Десетина евидентирано загинати во пожар што избувна во трговски центар во пакистанскиот главен град.
Радев заминува од функцијата точно една година пред завршувањето на мандатот. Него ќе го наследи Илијана Јотова. Сосем е сигуирно дека тој ќе учествува на новите избори со своја партија.
ЕУ има „алатки“ за одвраќање на Доналд Трамп од наметнувањето нови царини за земјите кои се противат на американската анексија на Гренланд, предупреди претставникот на Европската комиосија, Стефан Сејурн, додавајќи дека „Гренланд никогаш нема да биде американски“. Ова уценување мора да престане. Мислам дека американската влада прави голема грешка. Jа теститра Европа на две темелни начела на европската интеграција, самоопределувањето на народот и територијалниот суверениет на државите членки на Европската унија“, изјави за радио Франс Интер комесарот за просперитет и индустриска стратегија. Ако не го кажеме тоа јасно, ќе настане натпрвар, а не знам каде ќе заврши оваа желба за…















