Author: Zoran Ivanov
Секогаш кога ќе прочитате текст од кујните на ВМРО, вие, почитувани граѓани треба да знаете дека се случува уште една пљачка зад вашиот грб, прават дефокус за вие тоа да не го видите, порача претседателот на Социјалдеморатскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес конференција.
Францускиот претседател Емануел Макрон замина откако наводно не успеал да обезбеди средба со американскиот претседател, објави „Телеграф“.
Хамбург: Центарот за потрошувачи го прогласи алпското млечно чоколадо на Милка за „измама со амбалажа на 2025 година“, при што 66,7 проценти, или две третини, од гласачите гласаа „за“. Милка ја освои оваа „награда“ затоа што пакувањето беше намалено од 100 на 90 грама, дебелината на чоколадото беше намалена, а цената на чоколадото се зголеми за 48 проценти, или од 1,49 на 1,99 евра, објави Билд.
Знаевме дека приказната за меѓународниот поредок заснован на правила делумно беше невистинита. Дека најсилните ќе се изземат кога им одговара. Дека трговските правила се спроведуваа асиметрично. И дека меѓународното право се применуваше со различна строгост, зависно од идентитетот на обвинетиот или на жртвата. За арктичкиот суверенитет, стоиме цврсто со Гренланд и Данска и целосно го поддржуваме нивното уникатно право да ја определат иднината на Гренланд. Нашата посветеност на член 5 е непоколеблива. Моќните ја имаат својата моќ. Но и ние имаме нешто – капацитет да престанеме да се преправаме, да ја именуваме реалноста, да ја изградиме нашата сила дома и…
Лидерите на ЕУ и земјите-членки ќе се сретнат утре вечер во Брисел на неформален состанок на Европскиот совет за да разговараат за тензиите околу Гренланд.
Црна Гора би можела да затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување со Европската Унија (ЕУ) следната недела, а тоа е Поглавје 32, финансиски надзор, изјави црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ.
Во случај на докажана корупција, Здружението на судии јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со своето незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем.
Скопје утрово се разбуди под снежна покривка, откако првиот снег годинава падна во раните утрински часови, што, иако со слаб интензитет, создаде непридвидени проблеми во сообраќајот и јавниот превоз низ градот.
Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со победа против Романија со гол постигнат во последната секунда. Натпреварот заврши со 24:23.
Забраната за тешки товарни возила важи на превоите Плетвар, Ѓавато, Пресека, Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постапува неразумно и го распалува политичкиот конфликт, изјавил градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, во интервју за британскиот весник Тајмс.
На списоците на Државна лотарија се појавуваат имиња на звучни личности од јавниот и политичкиот живот, меѓу кои и: Борис Дамовски, режисер и еден од организаторите на протестот „За заедничка Македонија“ и обвинет за „крвавиот четврток“ – нето износ од 45.000 денари; Аделина Тахири, пејачка, сопруга на поранешниот адвокат на Мијалков – нето износ од 45.000 денари; Кристијан Станковски (Бомбакис), „инфлуенсер“ – нето износ од 40.000 денари; Борче Давитковски, професор на Правниот факултет – нето износ од 45.000 денари; Глигор Чатмов, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ – нето износ од 27.300 денари.















