Author: Zoran Ivanov
Во Клубот на пратеници се собраа лидерите на политичките партии на лидерската средба, која ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Втор неуспешен обид за формирање Влада во Бугарија: И од коалицијата ПБ-ДБ му го вратија мандатот на
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го предаде вториот мандат за формирање влада на парламентарната група „Продолжуваме со промените“ – Демократска Бугарија, но претставниците на коалицијата веднаш го вратија, пренесуваат тамошните медиуми.
Проектот за амбасадата, кој би се протегал на 22.000 квадратни метри, а би бил најголемата дипломатска мисија на Кина во Европа, е заглавен во контроверзии. Доминик Камингс, поранешен главен советник на Борис Џонсон, тврдеше дека бил предупреден од МИ5 и МИ6 дека Кина „се обидува да изгради шпионски центар под амбасадата“.
Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа, смета СДСМ.
Русија истрелала речиси 300 дронови, 18 балистички ракети и седум крстосувачки ракети кон осум региони, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.
Бројот на загинати во протестите што го зафатија Иран во вторникот нагло порасна на најмалку 2.000 убиени луѓе, соопштија активисти, откако Иранците за првпат по неколку дена успеаја да остварат телефонски повици со странство, поради тоа што властите претходно ги прекинаа комуникациите за време на пресметката со демонстрантите, објави „Асосиејтед прес“.
Со одлука на Владата на Мицкоски, Алта банка го купи и пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот на Сашо Мијалков.
Четири танкери за нафта управувани од грчки компании беа погодени од неидентификувани дронови во понеделник додека пловеа низ Црното Море кон терминалот на Конзорциумот за касписки цевководи (CPC) покрај рускиот брег, објави Ројтерс.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Лидерската средба за Мицкоски е битна за да обезбеди консензус за реформските закони (за дел од нив е потребно Бадентерово мнозинство), како и за избор на новиот народен правобранител. И едното и другото зависат од поддршката на пратениците на ДУИ, бидејќи власта нема т.н. двојно мнозинство.
Најблискиот соработник на Мицкоски и негов заменик во Владата, Иван Стоилковиќ, во интервју ја цитира изјавата на Александар Вучиќ дека е одлична идеја целиот Балкан да влезе заедно во Европската унија, оценувајќи дека таквиот пристап е рационален и корисен за регионот.
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.















