Author: Zoran Ivanov

Кина денеска ги повика САД да не ги користат другите земји како изговор за остварување на сопствените интереси, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд за да спречат Русија или Кина да го заземат во иднина.

Read More

Лос Анѓелес: Изнајмен камион за транспорт удрил во група демонстранти за време на антивладините демонстрации во поддршка на иранскиот народ во Лос Анџелес, при што властите пријавиле најмалку двајца повредени, но нивниот број и состојба сè уште не се разјаснети, пренесува Њујорк пост.

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

Read More

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, за тендерска пирамида вредна 16 милиони евра. Станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО.

Read More

Владините медиуми, како што е државната новинска агенција Фарс, прикажуваат обемни снимки од протеократски демонстрации во Иран, како во иранскиот главен град, така и во други ирански градови. Автентичноста на снимките не е потврдена.

Read More

Бугарските власти очекуваат јасен и ефикасен одговор од институциите во Северна Македонија по хулиганскиот напад врз бугарската амбасада во Скопје, при кој беше искршен прозорец на дипломатската мисија.

Read More

Повтореното гласање за градоначалници во четири општини донесе ограничен изборен успех за коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), која извесно извојува победи во Гостивар и во Врапчиште. Во Маврово и Ростуше победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, додека, пак, во Центар Жупа градоначалничката функција ја освои единствениот кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија. Резултатот на НАИ претставува редок позитивен исход за коалицијата на овие локални избори.

Read More

Скандинавските земји вчера одлучно застанаа во одбрана на Данска, спротивставувајќи им се на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд со сила доколку Копенхаген одбие да ја продаде територијата на САД.

Read More

Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии, соопштуваат од СДСМ.

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните неофицијални резултати од денешните повторени локални избори во четири општини во Северна Македонија – Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа.

Read More