Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ објави нов сакданл: Тендерска пирамида вредна 16 милиони евра

0
By Zoran Ivanov on January 12, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 12, 2026 12:43

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, за тендерска пирамида вредна 16 милиони евра. Станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО.

Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денес, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер. 51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра! Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат, рече Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Тој потенцираше дека оваа фирма добивала тендери во повеќе општини управувани од градоначалници од ВМРО.

Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија … секаде каде градоначалниците се од ВМРО. Низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма. Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат и тоа со камата. Последниот тендер, во декември 2025 година е со Град Скопје. Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра, рече Фрчкоски.

Кога седна Орце во градоначалничката фотеља кога добија тендер?, праша Фрчкоски.

Тој потенцираше дека ова е нов случај со 51 тендер и 16 милиони евра! А немаме одговори за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ од Пошти. Еден месец нема никаква реакција.

Сега на сите во Македонија им е јасно зошто земјата намерно се држи во изолација? Еве зошто. За пари. За криминални тендери.

Јавното обвинителство, Финансиската полиција, ДКСК дали уште ќе молчат или конечно ќе преземат нешто за скандалите кои ги објавува СДСМ, рече Фрчкоски.

 

ДПМНЕ Корупција прес СДСМ тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.