Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конференција на Цивил: Хоризонти на слободата – војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија

0
By Zoran Ivanov on December 12, 2025 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 12, 2025 12:05

„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска и мултимедијална програма по повод Неделата на човековите права 2025.

Конференцијата е отворена со воведни обраќања на: Петра Дрекслер – амбасадорка на Германија во Северна Македонија, Лариса Дир – амбасадорка на Украина во Северна Македонија, Д-р Волфган Ресман – претседател на Медиумски дијалог (Германија), Роџер Касале – директор на Вестминстерската алијанса за Украина, Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Панел 1: Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија

Овој панел ја испитува војната на Русија против Украина како централен фронт на поширока глобална конфронтација околу демократијата, човековите права и меѓународниот поредок базиран на правила. Говорниците анализираат како хибридното војување – комбинирање на воена агресија, дезинформации, сајбер напади и влијание преку посредници – ја преобликува безбедноста во Европа и пошироко.

Дискусијата ги истакнува отпорноста на Украина, геополитичките влогови за Европа и Западен Балкан и глобалните демократски импликации од исходот на војната.

Панелисти: Роџер Касале, Франческо Гаудиози, Јевген Цимбаленко, Оливер Андонов, Едвард П. Џозеф.

Модераторка: Хедер Роберсон

Цимбаленко: Руската војна во Украина не е само физичка, туку и информациска

– Руската војна во Украина не е само физичка, туку е и информациска војна, што е разбирливо. Јас работам сега во Германија и можам слободно да кажам дека украинските бегалци тука се наоѓаат во еден таканаречен информациски балон, кој исто така и јас го чувствувам но и работам на тоа да се препознае руската пропаганда во информативниот аспект, изјави Д-р Јевген Цималенко од  Институт за новинарство „Тарас Шевченко“, Национален универзитет во Кијив – Украина, на панелот Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија.

Д-р Цимбаленко е украински научник за медиуми и комуникации, фокусиран на воено новинарство, информациска безбедност и влијанието на руските дезинформации врз демократските општества. Тој интензивно работел на анализа на пропагандните наративи за време на целосната инвазија на Русија и на зајакнување на информациската отпорност на Украина преку истражување, образование и соработка со меѓународни партнери.

Касале: Како глобална заедница сме на патот кон едно големо глобално нарушување во кое моќта ја има хаосот и корупцијата

– Би сакал да ги потсетам луѓето дека не треба да го гледаме украинскиот конфликт во изолација. Имаме кибер напади низ целиот свет и Европа, дури и прелетувања на дронови врз Полска и други држави …Исто така треба да запамтиме дека сме соочени со голем глобален конфликт, како глобална заедница, ние сме на патот кон едно големо глобално нарушување, така што треба да ја гледаме војната во Украина и од тој аспект, посочи Роџер Касале, директор на Вестминстерска алијанса за Украина (Обединето Кралство); коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI); поранешен член на британскиот парламент.

Роџер Касале е британски застапник за човекови права, поранешен британски пратеник и основач на New Europeans International. Како директор на Вестминстерската алијанса за Украина и коосновач на DDGI, тој работи на унапредување на европското единство, демократското учество и транснационалната поддршка за слободата, безбедноста и закрепнувањето на Украина.

Франческо Гаудиози: Русија е веќе инволвирана во хибридна војна во Европа

– За време на неодамнешниот самит во октомври 2025 во Копенхаген, Данска, ЕУ лидерите предупредија дека Русија е веќе инволвирана во хибридна војна во Европа, како што кажа Данскиот премиер. Во таа прилика се согласија да го зголемат надгледувањето на источната граница, за да ги сопрат нарушувањата. НАТО секако го поздрави тоа, и неколку сојузници веќе се придружија на воздушната полиција, посебно за дронови. Европа, исто така, работи на отстранување на зависноста од руски гас, истакна д-р Франческо Гаудиози, потпретседател и извршен директор, Centro Studi Internazionali (Италија), на панелот Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија.

Д-р Гаудиози е меѓународен научник за безбедност и виш аналитичар специјализиран за европска геополитика, трансатлантски односи и хибридни закани. Како потпретседател и извршен директор на Centro Studi Internazionali (CSI) и водечки соработник на Вестминстерската алијанса за Украина, тој го унапредува истражувањето и стратешкиот дијалог за импликациите од руската агресија врз регионалната и глобалната безбедност.

Андонов: Војната на Русија против Украина не е само напад врз украинскиот суверенитет, туку стратегиски напад врз Европа

– Војната што Русија ја води против Украина не е само напад врз украинскиот суверенитет, туку стратегиски напад врз Европа. Целта на Кремљ е да ја ослабне европската демократска кохезија преку воен притисок, хибридни операции и манипулативни наративи насочени кон разорување на општествената отпорност, поткопување на поддршката за Украина и нарушување на довербата во евроатлантските институции. Кажа проф. д-р Оливер Андонов, Оддел за безбедност и управување со кризи, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ (Северна Македонија), на панелот Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија.

Проф. д-р Андонов е водечки експерт за одбранбени студии, управување со кризи и безбедносна политика. Како ветеран аналитичар на регионалната геополитика, тој ги испитува хибридните закани, воената доктрина и еволуирачката безбедносна средина во Западен Балкан. Неговиот академски и јавен ангажман вклучува обемна работа за Украина, демократската безбедност и импликациите од операциите на руско влијание во регионот.

 

демократија конференција одбрана Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.