Author: Zoran Ivanov
Вашингтон: Претседателот на САД, Доналд Трамп, претстави национална иницијатива за мобилизирање на вештачката интелигенција (ВИ) за забрзување на научните откритија.
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата во ноќниот клуб. Обвинителот Борче Јанев на првото рочиште за трагичниот пожар истакна дека се бара одговорност по име и презиме, а општеството мора да се соочи со болната вистина и…
Не ми пречи што постојат партии што се претставуваат како радикални. Проблем е што не постојат доволно партии што се претставуваат како разумни, стабилни и европски левичарски. Тоа е нашата трагедија. Ентропијата ќе продолжи да не јаде се додека квази левицата не научи дека морализирањето не создава политика, дека паролите не создаваат солидарност, дека агресијата не создава правда. Се додека не разбереме дека општеството се прави со идеи што носат живот, а не со гнев што носи поделби.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп изјави дека „враќањето“ на Тајван во Кина е клучен дел од повоениот меѓународен поредок, објави државната агенција Ксинхуа.
Други борци мислат спротивното. Матрос, кој се бори од 2018 година, смета дека предавањето на Донбас „би поништило сè сите жртви, целиот напор, сите загинати војници и цивили“.
Многу одредби од американскиот план за Украина изгледаат прифатливи, додека европскиот план е неконструктивен, изјави денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио се најдоа на спротивставени страни на врвот на администрацијата, остро разидувајќи се околу мировниот план за Украина, пишува „Економист“, повикувајќи се на високи извори во Вашингтон.
Четвртиот парламентарен самит на Кримската платформа во Стокхолм денеска продолжи со обраќања на претставници на делегациите од Австралија, Лихтенштајн и Швајцарија. Претседателот на Претставничкиот дом на Австралија Милтон Дик нагласи дека Австралија останува цврста во својата поддршка за Украина и меѓународниот поредок заснован на правила. Според него, руската агресија претставува сериозна закана за европската безбедност, а средбата во Стокхолм е важен сигнал за поддршка на Украина. Тој истакна дека Австралија веќе обезбедила над 1,3 милијарди американски долари помош, вовела повеќе од 1.600 санкции и придонела за ограничување на приходите на Русија. Милтон Дик нагласи дека Австралија ќе продолжи да работи…
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ сè уште не добил никакви официјални информации за резултатите од преговорите во Женева.
Државата вети расчистување со криминалот и корупцијата во врска со издавањето лиценци за отворање вакви објекти за забава. Надолго и нашироко се зборуваше за неисполнувањето на безбедносните стандарди, задолжителниот број влезови и излези, висината и ширината објектите, поседувањето на противпожарните апарати, како и за ригорозната контрола на малолетниците кои може да учествуваат на ваквите забави. Но, по сè изгледа, дел од угостителите како само да се притаија и чекаа целата драма да падне во заборав и тие да си продолжат по свое. Соња Кириџиевска Малку е да се каже дека на дел од угостителите не им доаѓа памет, дека си ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес се обрати преку видео врска на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, нагласувајќи дека е клучно да се почитуваат принципите врз кои е основана Европа, имено почитувањето на човечкиот живот, неповредливоста на границите и забраната за менување на границите со сила, објави Би-би-си.
Пред нас е уште еден скандал кој покажува дека и после Кочани имаме целосно нефункционален систем, неспособност и потфрлање на институциите, пред се на полицијата на Тошковски обвинија од СДСМ.















