Author: Zoran Ivanov
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стразбур изјави дека Русија го ескалира насилството секој пат кога ќе има напредок во преговорите за Украина. Таа рече дека планот на Москва не се променил и дека Кремљ верува дека може да издржи подолго од Украина и од нејзините сојузници.
Ако постоеше одредена забуна околу потеклото на американскиот мировен предлог за Украина, кој очигледно носеше руски потпис, ситуацијата сега е многу појасна. Клучот за разбирање на ненадејното свртување на Вашингтон кон Москва лежи во улогата на американскиот претставник Стив Виткоф и неговите блиски врски со Русите, објавува Скај њуз.
Духот на Доналд Трамп воопшто не беше празничен за време на востановеното помилување на две мисирки, обичај на Белата куќа за Денот на благодарноста, a откако тој најде изговор да упати остри напади врз своите политички противници, објави АП.
Предавање на територии, демилитаризација и трајно повлекување од членството во НАТО – се главните причини што ги наведува Кремљ за започнување на војната. Нивното решение во корист на Москва е клучниот руски услов за завршување на конфликтот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија покажува подготвеност да направи отстапки во преговорите за прекин на украинскиот конфликт, објави Си-ен-ен.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на работилница организирана од Форумот на жени на СДСМ во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“-„Гласни за живот без страв“, истакна дека СДСМ е партијата која системски ја постави борбата против родово базираното насилство како државен приоритет. Тој нагласи дека преку воспоставување закони, институционални реформи и услуги за заштита на жените и девојките, СДСМ создаде основи за долгорочни и одржливи политики за заштита на жените од насилство, се наведува во соопштението на СДСМ.
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а истовремено, американскиот воен секретар, Деаниел Дрискол, ќе се сретне со украински претставници за да го финализира мировниот план за Украина, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Од 1999 до денес, низ кризи, притисоци, судски прогони, кампањи на омраза и политички турбуленции, ЦИВИЛ останува верен на својата мисија: јавниот интерес, човековите права и достоинството на луѓето.
Јанаки Митревски: Цел ден се шири лажен пропаганден наратив небаре е одлучено по апликацијата на Гордана Јанкуловска по предметот Тенк. Па те Стразбур ја строел Македонија и минатата Влада, отворил сериозни прашања за македонското судство и останати манипулации. Вистината е следна:
Денеска во раните утрински часови Украина го нападна со беспилотни летала и веројатно го уништи рускиот авион „Бериев“ А-60 , експериментален авион со напредно ласерско оружје, базиран на воениот транспортен авион Ил-76, во Таганрог, објави Кијив индипендент.
Софија: Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека Македонија мора да спроведе ефикасна истрага и гонење на сите напади врз Бугарите во Македонија ако сака да го продолжи патот кон Европската унија.















