Author: Zoran Ivanov
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска му го врачи Орденот „8-ми Септември“ што му го додели на кардиологот и алпинист Сашко Кедев, а како признание за неговиот долгогодишен професионален и општествен ангажман.
Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање за ставовите на власта дека ќе бара нов протокол.
Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да постигне договор до четврток. Сè уште сме многу далеку од тоа. Тоа не значи дека е сосема невозможно да се постигне… Но, скептичен сум дека таков исход е можен со оглед на моменталните разлики, рече Мерц на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург. Иако Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да се согласи со планот од 28 точки, тој истакна дека планот не претставува „конечна понуда“ и дека роковите би можеле да се продолжат ако работите „одат добро“.
Можеби власта и нивните гласачи искрено веруваат дека скоро сите реформи се направени, испорачани, но во исто време убедени се дека залудно е сето тоа, затоа што Бугарија е единствениот кочничар за нашите успеси и подвизи да бидат верификувани во ЕУ. Биљана Секуловска Со многу прашања не се согласувам со премиерот Мицкоски, но кога станува збор за барањето на судиите за зголемување на нивните плати, тој е потполно во право. Според неговите пресметки, ако ги следи нивните фантазии, претседател на суд во Македонија би зел 8 просечни плати, а судија или обвинител би зел 3,5 просечни плати. Безобразно големи плати не…
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог даде позитивна оценка за мировниот план на САД и очекува руско-украинската војна наскоро да заврши.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД.
Во пресрет на Локалните избори 2025, Северна Македонија се соочи со сериозен бран на говор на омраза, етнички и сексистички напади, како и политичка селективност од институциите. Од спортски терени до социјални мрежи, национализмот и дискриминацијата повторно се користеа како политичко оружје, додека младите и жените беа најчесто мета.
Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200. Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат. , се вели во соопштението од СДСМ.
Границите на Украина не смеат да се менуваат со сила, нејзината армија не смее да биде намалена така што ќе остане ранлива на напад, а Европската Унија мора да има централна улога во мировниот договор за Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, објави „Ројтерс“.
Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, стои во соопштението од СДСМ.
Европските лидери, заедно со членовите на Групата седум, Канада и Јапонија, се спротивставија на идејата дека границите на Украина би можеле да се намалат или дека вооружените сили би можеле да бидат ограничени во соопштението издадено на маргините на самитот на Групата 20 во Јужна Африка во саботата.
Сузана Јошевска Анастасовска: Кога во 2010 беше донесен новиот Закон за кривична постапка, законодавецот го приоретизираше фер-постапувањето и гарантирањето на правата на обвинителство и одбраната наспроти дотогашната улога на судот да делува како орган чија примарна задача е „утврдување на материјалната вистина“.















