Author: Zoran Ivanov

Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, за да оцени дали во предметот постојат сериозни индиции за можни прекршувања на правото на фер судење.

Read More

Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за прекин на конфликтот со Русија „треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина“, објави Белата куќа по разговорите во Женева меѓу Американци, Украинци и претставници на Европската Унија.

Read More

Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум.

Read More

Од 10-ти  декември платформите мора да ги избришат или блокираат сите профили на малолетници под 16 години, во обид да се намали изложеноста на штетни содржини и онлајн злоупотреби.

Read More

Атина: Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5. декември на различни локации во земјата одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во близина на Лариса.

Read More

Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, велат од СДСМ.

Read More

Сараево: Синиша Каран, кандидат на владејачкиот „Сојуз на независните социјалдемократи“, обезбеди победа на предвремените претседателски избори во Република Српска, покажуваат првичните резултати на Централната изборна комисија во Сараево.

Read More

Соединетите Американски Држави и Украина изготвија „ажурирана и подобрена“ мировна рамка за ставање крај на војната во Украина, по вчерашните разговори одржани во Женева, се вели во заедничка изјава од Кијив и Вашингтон.

Read More

Европскиот план за завршување на војната, до кој дојде „Телеграф“, е остро различен од мировниот план на Трамп. Предлозите на САД беа широко критикувани како премногу поволни за Москва, бидејќи тие отстапуваат големи делови од територијата на Русија, ја намалуваат големината на украинската армија и им забрануваат на силите на НАТО да влегуваат на украинска територија.

Read More

Нашите тимови сега се вратија во своите соби додека работиме на некои од предлозите што ни беа понудени, па затоа работиме на тоа да направиме некои промени, некои прилагодувања, со надеж дека дополнително ќе ги стесниме разликите, рече Рубио. Мислам дека ова е многу, многу значаен, би рекол веројатно најдобриот состанок и ден што го имавме досега во целиот овој процес, почнувајќи од времето кога првпат стапивме на функција во јануари, додаде Рубио.

Read More