Author: Zoran Ivanov
Ромите во Виница денеска излегоа на протест барајќи правда за нивниот сограѓанин Умут Скопко, кандидат за советник од Демократски сили на Ромите (ДСР) на листата на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред десет дена беше брутално претепан затоа што одбил да се повлече од изборната листа.
Унгарската нафтена компанија MOL ќе ги зголеми испораките во Србија по санкциите на САД врз рафинеријата NIS, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тирана: Од утре, 13-ти октомври, албанското Министерство за внатрешни работи ќе спроведе операција за забрана на движењето на електрични тротинети. Веста ја објави министерката Албана Кочиу, која денес ги претстави новите мерки за јавна безбедност поврзани со употребата на електрични скутери и тротинети.
Колумбија: Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во американската сојузна држава Јужна Каролина, соопшти локалната полиција.
Откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот извоз и ќе воспостави строги контроли на извозот на критичен софтвер, крипто пазарот доживеа екстремен пад, покажуваат податоците на „CoinGlass“.
Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава со следната порака на роднидние на настраданите.
Фурхан Салиу: Читам и не можам да верувам. Геро мајсторе – до толку ли те стегнале? Кочани ќе го употребиме за да напаѓаме колеги или да ги браниме политичките структури? Објави, г. Героски, сè што имаш, сè што ти дале. Објави се`, затоа што само така можеби ќе дојдеме до вистинска правда – барем за еден случај. Како и да ги погледнеш овие материјали од истражната постапка, резултатот на крајот е ист: од портир до лица на највисоки позиции — сè е корумпирано! Бев многу лут на овој систем кога се случи „Модуларната“ во Тетово, „Дурмо турс“ и „Беса транс“.…
Тројца се под истрагата поради сомнение дека се дел од разоткриена шема за криумчарење луксузни автомобили од Бугарија, меѓу кои „тојота ЦХР“ вредна 22.500 евра, „лексус НХ300Х“, вреден 15.000 евра и „ланд ровер – рејнџ ровер евок“, вреден 17.340 евра. За тројцата обвинител до судот предложил мерка притвор. Едниот од осомничените е надвор од државата, со што е предложено притворот да започне откако лицето ќе биде лишено од слобода, соопшти Основното јавно обвинителство.
Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Први за осуда – Последни за почит. Со оваа парола Независниот синдикат на полицијата изрази револт кон обвинителството за третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Порачаа дека бараат правда за сите жртви, за нивниот колега Тоше Тодоровски кој го загуби животот во пожарот, а изразуваат поддршка на колегите кои ја преживеале трагедијата. Не се противат на истрагата против полициските службеници, туку бараат истрагата да биде јавна и транспарентна.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе од 4.000 руски воздушни напади.
Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за утре во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа, соопшти претседателството на Египет.















