Author: Zoran Ivanov
Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.
Нападите на Украина врз руската енергетска инфраструктура продолжија со нов напад со дронови со долг дострел, насочени кон клучните извори на приходи на Кремљ од извоз на нафта и гас. Ова не е прв ваков напад, а веројатно нема да биде и последен, објавува „Кијив пост“.
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сè уште не разговарал за конкретни безбедносни гаранции за Украина, но оти дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржат земјата.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Јужна Кореја, велејќи дека земјата се „чисти“, неколку часа пред средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг во Вашингтон подоцна денес.
„Еден ден, тој почнува со репресија, потоа ја испушта топката, потоа почнува со мирни протести, а потоа цело време воведува таканаречени чудотворни мерки, кои се предизборни и популистички. Ова отсекогаш била негова политика непосредно пред изборите“, вели Миливојевиќ.
Специјалниот пратеник на претседателот на САД Кит Келог денеска во Киев изјави дека властите напорно работат на завршување на војната меѓу Русија и Украина.
Москва: Русија и Украина денеска разменија по 146 воени затвореници, соопшти руското Министерство за одбрана.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина предлагајќи безбедноста на земјата да биде гарантирана од група нации во кои ќе бидат вклучени постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.
Тежок инцидент се случил денеска во Штип по натпреварот на младинските екипи (генерација 2009-2010) на Брегалница и Шкупи од Чаир.
Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 64. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.
Жителите на Сана изјавија дека нападите биле насочени кон области во близина на претседателскиот комплекс, ракетни бази и електрани, објави Ал Џазира. Израелската војска го потврди нападот и рече дека целите во Сана вклучуваат воен комплекс во кој се наоѓа претседателската палата, две електрани и складиште за гориво. Хутите завчера изјавија дека испукале балистичка ракета кон Израел. Претставник на израелските воздухопловни сили денеска изјави дека ракетата веројатно носела муниција „наменета да детонира при удар“. „Ова е прв пат ваков тип ракета да биде лансирана од Јемен“, рече претставникот. Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море од почетокот на конфликтот Израел-Газа Откако војната…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за телевизија „Телма“ посочи дека власта свесно ги отвора вратите за изборни неправилностибидејќи ВМРО-ДПМНЕ губи голем број гласови.















