Author: Zoran Ivanov
Со врачувањето на сертификатите за учество, денеска, во родното село на великанот на поетското создавање кај нас, особено во детската литература, заврши седмиот по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“.
Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со Католичката црква во Скопје организираше свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина.
На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е прогласен за државен празник во чест на исклучителниот историски настан кога во 1991-ва година Врховната Рада со апсолутно мнозинство гласови усви Акт за прогласување независност на Украина. Овој документ ги круниса илјадагодишните аспирации на Украинскиот народ да има своја суверена држава и самостојно да ја одредува својата судбина. Прогласувањето независност е логичен заклучок на украинската државотворност со оглед на тоа дека Украина ја слави илјадагодишната историја на својата државност. Со свечено обраќање, исполнето со надеж, на Плоштадот на независноста, претседателот Володимир Зеленски ја потврди непоколебливата…
Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија
Њујорк: Пентагон веќе неколку месеци ја блокира употребата на оружје со долг дострел од Украина за напади длабоко во Русија, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани претставници.
Осло: Владата на Норвешка денеска соопшти дека ќе и испорача на Украина системи за воздушна одбрана во вредност од речиси седум милијарди норвешки круни или 696 милиони долари. Заедно со Германија, ќе обезбедиме Украина да добие ефикасни системи за воздушна одбрана. Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во нејзините напори да се одбрани и во нејзините обиди да го заштити цивилното население од руските воздушни напади, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. Норвешка и Германија ја финансираат испораката на два системи Патриот, вклучувајќи и ракети за нив. Норвешка, исто така, учествува во испораката на радар за…
Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, во соработка со Католичката црква во земјава, денеска ќе одржи свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина.
Џексон Хоул: На глобалните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна минатата седмица, третпат со ред, бидејќи растеа очекувањата дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки во септември.
Од 193 држави-членки на ОН, 147 веќе ја имаат признаено државата Палестина, бројка која оваа есен ќе се зголеми со најавеното признавање од страна на нови држави членки ЕУ и на ОН. На крајот ќе останат само Израел и Америка наспроти светското јавно мислење.
Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика привремено затворање на аеродромот „Пулково“ и одложување на десетици летови, пренесува „Украинска правда“.
Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретна и собори украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск. Остатоци од беспилотното летало предизвикаа пожар во електраната.
Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски,се наведува во соопштението од СДСМ од прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Куманово Мартин Костовски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.














