Author: Zoran Ivanov
Бугарска организација која си дала име „Македонија“ во недела ќе организира блокада на сите гранични премини со Македонија, која ќе трае два часа, пишуваат бугарските медиуми.
Во напад со руски беспилотни летала врз градот Запорожје во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јуни загина едно лице, а најмалку седум други беа повредени, соопштија регионалните власти. Руските сили го нападнаа градот на пет локации, предизвикувајќи пожари и оштетувајќи ја цивилната инфраструктура, објави „Кијив Индепендент“.
Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на јавната дебата во Собранието за предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба.
Кампањата за напади со беспилотни летала на долг дострел на Украина продолжи рано утрово. Беше погодено складиште за нафта во рускиот регион Краснодар, како и најголемата рафинерија во Москва. Сè почестите напади ја влошуваат кризата со снабдувањето со гориво во Русија и вршат притисок врз нејзината енергетска инфраструктура, објавува „Кијив пост“.
Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските државни медиуми, по прелиминарниот договор меѓу САД и Иран со цел прекин на конфликтот.
Корисниците на вести низ целиот свет се повеќе се информираат преку социјалните мрежи и видео платформите, кои за прв пат ги надминаа традиционалните медиуми, според новиот извештај на Институтот Ројтерс.
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да ја разобличува тендерската мрежа вредна над 100 милиони евра, во која едни исти фирми добиваат милионски договори од институциите и општините под контрола на ВМРО-ОКГ, се наведува во партиското соопштение.
На денешен ден, 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи подемот на народно-ослободителното движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста “Моклиште“ стрела 12 младинци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години.
Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси, велат од Влен.
Звонко Каров: Една од најчестите критики кон македонската политика по 1990 година е дека предолго ги одложуваше најважните државни прашања. Спорот за името, односите со Бугарија, меѓуетничките односи… со години останаа нерешени.
Бранко Тричковски: Свеста за пропаста ги спречува Македонците навистина да пропаднат.
Мицкоски ги излажаа земјоделците, стои во соопштението на СДСМ.















