Author: Zoran Ivanov
Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. Единствената вистина е дека нашата партија одлучи да настапи со посебни листи за советници на локалните избори – изјави Арбен Таравари за ТВ21.
Европа не е само некаков симбол, туку реална можност за подобар живот, но власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, на трибината „За Европа сега и одма“ којашто ја организираше Социјалдемократската младина во Куманово.
Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на неформална средба на министрите за надворешни работи на НАТО од 14 до 16 мај во Турција, на која ќе се разговара за завршување на војната меѓу Русија и Украина, информира Стејт департментот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како позитивен знак тоа што Русија почнала да размислува за прекин на војната, но нагласи дека првиот чекор кон тоа е прекин на огнот од утре, 12 мај.
Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани што го поднесовме е чин на солидарност, човечност и грижа. Уште еднаш ги повикуваме пратениците од владејачката партија да го преиспитаат својот став, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за ова законско решение, порача денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
Претставник на американскиот Конгрес изјави дека САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина, пренесува „Њујорк тајмс“.
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Мартин Ефремов, денеска, од пред Основниот граѓански суд во Скопје го најави утрешниот протест на полициските службеници, со цел воедначување на судската пракса и минимална плата за полициските службеници, согласно Законот за минимална плата.
Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116, од нив за првпат 114.642 лица. Бројот на гласачи на овие избори е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113.
Студентите во Србија кои речиси шест месеци ги блокираат факултетите барајќи исполнување на нивните барања, првенствено поврзани со одговорноста за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, најавија дека очекуваат вонредните парламентарни избори, кои неодамна ги побараа, да бидат распишани во наредните денови – кон средината на мај.
Нови строги прописи. Грчкото Министерство за туризам издаде соопштение во врска со новите мерки во врска со кампер комбињата и камперите.















