Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плата па работа – Независниот синдикат на полицијата утре на протест

0
By Zoran Ivanov on May 11, 2025 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 11, 2025 14:31

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Мартин Ефремов, денеска, од пред Основниот граѓански суд во Скопје го најави утрешниот протест на полициските службеници, со цел воедначување на судската пракса и минимална плата за полициските службеници, согласно Законот за минимална плата.

Како што појасни Ефремов, платата на полициските службеници, согласно Законот за минимална плата и колективниот договор е составена од основна плата и зголемување за 30 проценти, како и останати додатоци за минат труд. Вели основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата.

Платата на полицијата, согласно законот и колективниот договор е составена од основна плата и зголемување за 30 проценти, како и останати додатоци за минат труд и тн. Согласно Законот за минимална плата, основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата, а потоа се додаваат оние зголемување од 30 проценти, додатоци и тн. Досега апелационите судови во Битола и Гостивар ни потврдуваат дека ова што го зборуваме е така, веќе имаме потврдено пресуди во којшто се пресметува разликата на минималната плата, меѓутоа од Апелациониот суд во Скопје, веројатно пресметале дека им се многу средства во државата, па се трудат сега да се умилкуваат, дел од судиите сега сакаат и на тој начин да напредуваат од Основниот граѓански суд во апелациони, па од оттаму во врховни судови, и пробуваат да направат сосема друга пракса со која што ќе кажат дека основната плата, во смисла на минималната плата во Законот треба да се гледа заедно со тоа зголемвуање, рече Ефремов.

Прашан колку моментално изнесува основната плата на полициските службеници, Ефремов рече основната плата на полициските службеници моментално изнесува околу 25.000 денари, која што, вели, е 1.000 денари над минималната плата.

 Велат дека трвба да се пресмета заедно со зголемвуањето, а така излегува дека полицаец зема околу 25.000 денари што е 1.000 денари над минималната плата. Меѓутоа доколку ги одвоиме тие 30 проценти, тогаш каде е основата, вели Ефремов.

Истакна дека Независниот синдикат на полицијата пред околу еден месец поднел претставка против четворица судии од скопските судови, односно против Гордана Билевска и Бесник Авдија од Основниот граѓански суд, како и против Мери Дика и Санде Зиков од Апелациониот суд во Скопје.

Пред околу месец дена Независниот синдикат на полицијата поднесе претставка против четворица судии од скопските судови. Двајца од Основниот граѓански суд и двајца од Апелациониот суд од Скопје, односно Гордана Билевска и Бесник Авдија од Основниот граѓански суд и Мери Дика и Санде Зиков од Апелациониот суд од Скопје, затоа што беа на советување во Министерството за внатрешни работи и затоа што се сомневаме дека Министерството како странка во постапката и судиите на советувањето  во врска со тоа не можат веќе да бидат непристрасни во судењето, рече Ефремов.

Поднесените претставки, вели, се со цел изземање на судиите од предметите, бидејќи Синдикатот смета дека тие сакаат да ја променат судската пракса од апелационите судови во Гостивар и Битола, а тоа, додаде, е „платата на полициските службеници е составена од основна плата и зголемување од 20 односно 30 проценти“.

Поднесовме претставка со цел да побараме нивно изземање од предметите, бидејќи сметаме дека сакаат да ја променат судската пракса која што ја имаме во апелационите судови во Гостивар и Битола, а тоа е – платата на полициските службеници е составена од основна плата и зголемување од 20 односно 30 проценти. Основната плата во државата мора да е минималната плата во државата и тоа е веќе потврдено, како што веќе кажав од основните и апелационите судови во Битола и Гостивар, а тоа мора да е така и во Скопје, изјави Евремов.

По поднесената претставка, додаде, Апелациониот суд во Скопје излегол со демант во којшто навел дека сè уште нема одлука по овие предмети и не се дојдени на ред во Апелациониот суд.

По нашата поднесена претставка, Апелациониот суд во Скопје излезе со демант во којшто вели дека сè уште нема одлука по овие предмети и не се дојдени на ред во Апелациониот суд, затоа сакаме да го покажеме ова решение со кое се одлучува да се укине токму таа донесена првостепена пресуда, што е уште еден доказ во каков хаос и безредие е Апелациониот суд во Скопје, не знаат дури ни кој, што, како и зошто одлучува, рече Ефремов.

Истакна дека за утрешниот протест биле известени повеќе братски синдикати од Европа и Балканот, по што очекува утре да бидат присутни дел од нив.

За таа цел, ние ги известивме сите наши братски синдикати од Европа и Балканот, затоа утре на раскрсницата кај Мавровка ќе одржиме еден голем полициски протест на којшто ќе имаме присутни колеги од балканските држави, со кои заеднички ќе упатиме порака до судиите да не си играат со законот, затоа што законот за полицијата не може да важи само кога треба полицајците да се казнуваат и мора да важи како за сите други граѓани во државата. Утре започнуваме во 12 часот, а ќе завршиме во околу 13 часот пред Судскиот совет, каде што ќе порачаме дека малку им се и тие 2 проценти доверба што ја имаат граѓаните и ако нешто не им е јасно во врска со тоа како треба да судат, не треба да го прашаат ниту Министерството, ниту Независниот синдикат на полицијата, туку треба да си ги прашаат своите колеги од Апелација во Гостивар и Битола или евентуално да преминат на другата страна на улицава и да се вратат на факултет, рече Ефремов

 

најава плати полициски прпотест Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.