Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Студентите во блокада бараат распишување брзи избори за времена влада или најавуваат радикализација

0
By Zoran Ivanov on May 11, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 11, 2025 08:47

Студентите во Србија кои речиси шест месеци ги блокираат факултетите барајќи исполнување на нивните барања, првенствено поврзани со одговорноста за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, најавија дека очекуваат вонредните парламентарни избори, кои неодамна ги побараа, да бидат распишани во наредните денови – кон средината на мај.

Доколку изборите не бидат распишани наскоро, студентите најавуваат радикализација на протестот, но како и досега – на мирен начин.

Во интервју за Радио Слободна Европа, студентот во блокадата, Александар Милошевиќ, од Математичкиот факултет во Белград, рече дека студентскиот изборен список првенствено ќе вклучува луѓе од кои се очекува да ги исполнат студентските барања.

Претседателот на Србија им одговори пред неколку денови дека „нема да чекаат долго“.

„Нашата цел е да ги објавиме кон средината на мај. Ако тоа не се случи, ќе продолжиме со радикализацијата, на наш мирен начин да им дадеме до знаење на властите дека бараме избори“, вели Милошевиќ.

Тој објасни дека секој факултет предлага свои кандидати, и секој универзитетски град има свој број места.

Милошевиќ додаде дека владата што ќе се формира по вонредните избори треба да ги подготви условите за одржување нови избори и нејзиниот мандат треба да биде ограничен.

Студентите во блокадата немаат лидери и за сите прашања, вклучително и појавувањата во медиумите, одлучува пленумот.

Се почитува „принципот на ротација“, односно дека ниту еден од студентите не е доминантен во јавноста.

 

избори протести Србија студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.