Author: Zoran Ivanov

Според новите податоци од Министерството за финансии доспеаните, а неплатени обврски на државните ЈП и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминаа 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра 13 мај 2025. Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините –…

Read More

Неприсуството на рускиот претседател Владимир Путин на преговорите за завршување на војната во Украина во Истанбул би бил последен сигнал дека Кремљ не сака крај на конфликтот, изјави денес шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. Шефот на канцеларијата на Володимир Зеленски на безбедносниот форум во данската престолнина изјави дека украинскиот претседател разговарал со својот турски колега Ердоган еден ден претходно, кој потврдил дека Турција е подготвена да биде домаќин на преговори за завршување на војната во Украина. Киjив досега не добил никаков одговор или потврда од Русија дека Путин ќе пристигне во Истанбул, но важно е да се…

Read More

Драг мој татко на Фросина, имам ќерка имам и син, имам и две внуки и еден внук, и да го поддржувам премиерот, да го фалам за изразеното сочуство, е исто како да му бацувам рака на убиецот.  Борче Трајковски  Да сум таткото на Фросина, убиената на пешачки премин во Скопје од разгалено и заштитено момче, кое управувало возило без возачка дозвола со недозволена брзина, кое денес е осудено на затворска казна од 12 години, ќе ги повикам на протести граѓаните, родителите на врсниците на Фросина и нејзините врсници, ама најпрво ќе ја повикам владата на чело со премиерот и министерот…

Read More

За ситуацијата да биде уште побизарна, повикување на одредба од 1995 година, за закон кој е составен дел на Охридскиот рамковен договор, уставно вграден во 2002 година, е еднакво индикативна за контрола и суспендирање на “независна локална власт”, директно избрана од граѓаните; и ја отвора дилемата за комплетирање на “разградувањето” и компромитирање на Охридскиот рамковен договор и на клучната, локална власт?

Read More

Само тие што не ги познаваат мицињата, што имале среќа во животот да не работеле со некои од нив кои се претворија во мициња, само тие што не ја знаат нивната политичка пакост, алчност за власт и способност за манипулации (антрополошки, како мицковистичко дпмне да го вади она најлошото кај луѓето) може да помисли дека такво нешто е воопшто можно со нив. Дијалог, соработка… такво нешто не постои во речникот  и делувањето на мицковистичко дпмне освен ако не е стриктно за некаква манипулација или добивка од било каков вид. Тони Науновски Ако намерно блокираниот евроинтегративен процес на РС Македонија конечно…

Read More

В сабота, 17ти мај, ќе стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам ,,Krushevo MTB Challenge” во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија.

Read More

Групата од околу дваесет српски студенти ја истрчаа и последната етапа од штафетниот маратон и пристигнаа во Брисел. Студентите тргнаа од Нови Сад на 25 април и се упатија кон седиштето на Европската Унија за да го свртат вниманието на европските претставници кон нивните барања.

Read More

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9. овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Read More

Атина: Можеш да застанеш да купиш нешто, да одиш на плажа, но не и да преноќиш каде што сакаш, ова е нешто што се подразбира, правилата што важат во цела Европа, сега важат и во Грција и велиме „не“ за злоупотребата на јавниот простор, вели министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани во интервју за државната телевизија ЕРТ, говорејќи за измените во законот што се однесуваат на паркирање приколки, полуприколки и кампери, тема за која имаше жестоки реакции во земјата.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва се обрати до нацијата преку видео објавено на неговиот официјален канал на Телеграм велејќи дека Русија сè уште не одговорила на предлогот за прекин на огнот и директна средба меѓу двајцата завојувани претседатели во Истанбул.

Read More