Author: Zoran Ivanov

Атина: Забрана за поставување шатори и паркирање приколки, полуприколки и кампери на археолошки локалитети, крајбрежни делови, плажи, на рабови на јавни шуми и општо на јавни простори, предвидува меѓу другото, закон што од јануари годинава е во сила во Грција, а во спротивно предвидени се казни. За прекршувањето на законот предвидена е казна затвор до три месеци или парична казна од 300 евра по лице или по шатор или по превозно средство, изречена од полицијата или крајбрежната служба што го потврдува прекршокот. При контрола од страна на мешани тимови, казната ја изрекува полицаецот кој бил присутен за време на проверката.…

Read More

Македонија падна за 6 места, од 36 на 42, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници – РСФ и е последна во групата земји каде ситуацијата е „задоволителна“. Во оваа група од регионот се уште само 2 земји, Словенија која напредувала за за 9 места и е 33-та, и Црна Гора погоре за 3 места и е 37-ма, а сите други се во групите со „проблематична“ или „тешка“ состојба. Класификацијата на РСФ опфаќа 180 држави од цел свет.

Read More

Турската полиција приведе над 400 луѓе кои учествуваа на денешните собири по повод Први мај по судирите со полицијата поради забраната за јавни собири на плоштадот Таксим, соопшти Канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени советникот за национална безбедност Мајк Волц и го назначи државниот секретар Марко Рубио за негов привремен заменик, што е првата значајна промена во внатрешниот круг на Трамп откако тој ја презеде функцијата во јануари.

Read More

Руски напад со дронови на украинскиот пристанишен град Одеса синоќа убил две лица, а петмина се ранети, објави гувернерот на регионот Олег Кипер. Во нападот избиле бројни пожари, а оштетени се станбени објекти и училиште, според локалните власти.

Read More