Author: Zoran Ivanov
На собранискиот пленум воведно излагање и елаборација на предлогот на владиниот состав и на програмските содржини се обрати мандаторот Мицкоски, опонираа координаторите на опозицијата Оливер Спасовски од СДСМ и Димитар Апасиев од Левица. Поенти Христијан Мицкоски: Народот очекува резултати, неморал и потфрлања нема да толерирам; Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата и криминалот; Веќе во вторник нова инвестиција од повеќе од 400 милиони евра; Ннамалување на даноците и зголемување на пензиите и платите; Борба против корупцијата и криминалот; Градење на добри односи со нашите соседи и негување на меѓуетничките односи; Од секого ќе барам да даде максимум и…
Атина: СИРИЗА недвосмислено го осудува новото прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и мандатар за премиер на Република Северна Македонија, господинот Мицкоски и ја повикува Владата на Мицотакис конечно да ги преземе предвидените дејствија, соопштија од грчката опозициска партија. Во соопштението од СИРИЗА се вели дека „сакаат да го потсетат ВМРО дека континуираните прекршувања на Договорот од Преспа носат и предвидени санкции“, додавајќи дека целосното усогласување со Договорот „е неопходен услов за членство на Северна Македонија во ЕУ“. Паралелно од актуелната грчка Влада бараат веднаш да го интернационализира прашањето со тоа што новото раководство на…
Струмица: Покривите на три куќи во Струмица на улицата „Крушевска Република“, над Момин бунар, целосно изгореа во пожар. Две лица се повредени. Денеска во 10:56 часот на улица „Крушевска Република“, над Момин бунар, ТППЕ Струмица со пет противпожарни возила и 18 пожарникари интервенираше на гасење на запалени куќи. Опожарени се вкупно три куќи и причинета е значителна материјална штета. Во акцијата на гасење и спасување, пожарникарите од едната куќа успеаја да извлечат две постари лица кои беа повредени од пожарот и да ги предадат на екипите на брза помош, информираат од ТППЕ Струмица. Пожарот е целосно локализиран, пожарникарите остануваат на…
Зоран Иванов На патриотите, оние лажните, преварантите, и на оние другите, умислените, од изборите мајски наваму, им требаше само 40 дена инкубација од “Републиканци” да метаморфозираат во “Северџанци”, да голтнат и полжави лигави и жаби крастави, да ги испоголтаат и кнедлите и на политичарите финтаџии и на политичарине митаџии па, кажано и во оваа една реченица, во Македонија дефинитивно изборите се добиваат на лаги, а не на програми – докажано. Линк
Киев: Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура во западна и јужна Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика. Објектите на украинскиот оператор Укренерго се оштетени во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ, каде двајца работници се повредени и хоспитализирани, додава Министерството. Во соопштението се наведува дека ова е осми масовен напад врз украинските електрани во последните три месеци, поради што често се прекинува струјата.
Александар Бајдевски: Слобода, праведност, солидарност Јован Деспотовски: Нов почеток, нов СДСМ Славјанка Петровска: Манифест за соцојалдемократијата Венко Филипче: Нов СДСМ за нови победи Линк
Во Собранието почна пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Се очекува Мицкоски да ја образложи програмата и предлогот за состав на владата по што треба да започне дебатата по предлогот. Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници. На 18 јуни, по поднесувањето на предлогот за состав на владата, Мицкоски изјави дека очекува расправата да заврши до недела до полноќ, a од понеделник веќе да…
НОВАтв.мк накусо ги преставува кандидатите, сегменти од нивните визии содржани во нивните изборни програми и нивни предизборни пораки Александар Бајдевски – Слобода, праведност, солидарност Еден од стратешките чекори што треба да ги направиме е да ја вратиме препознатливоста на СДСМ. Визијата за партијата е нејзино реструктурирање и децентрализација и поголемо учество на членовите во одлучувачките процеси. Визија за социјалдемократска Влада заснована на мисија со конкретни цели за подобрување на животот на сте граѓани, како и визијата за модерен и меѓународно влијателен Социјалдемократски Сојуз на Македонија, со изградени коалиции внатре и надвор од државата. Првата работа што треба да се направи…
Бриж: Никогаш немало потешко време за борба за Европа, но и никогаш немало поважно време за борба за Европа, изјави синоќа германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер. Во говорот пред студентите на Европскиот колеџ, елитна институција која ја обучува следната генерација службеници во институциите на ЕУ во белгискиот град Бриж, тој рече дека следната генерација претставници на ЕУ мора да ги бранат слободата и демократијата, идеалите на европската Унија, објави веб-страницата на германското претседателство. Штајнмаер ги повика студентите да бидат оптимисти и покрај Европа во која се чини дека кризната состојба е новата нормала.
Вашингтон: Американските власти ги информираа руските дипломати во Америка дека филијалите на визните центри во Вашингтон и Њујорк се затвораат, но конзуларната поддршка ќе продолжи и покрај зголемениот обем на работа, изјави за новинарите амбасадорот во САД, Анатолиј Антонов. Секојдневно се вршат напади врз нас, а денес пред еден час Американците ни испратија известување дека визните центри се затвораат и дека сега дополнителниот товар паѓа на рамениците на руските дипломати и конзули, изјави руски дипломат по церемонијата. Антонов се пожалил дека американската страна не ги објаснила причините за ваквата одлука и дека Русија се уште не најавила можни возвратни…
Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. По поднесувањето на предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа на 18 јуни, Мицкоски изјави дека очекува расправата за избор на владата да заврши во недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа. Предложените членови на владата, како што изјави, се мотивирани веднаш да постигнат резултати, да го вложат масимално нивниот капацитет, бидејќи граѓаните имаат големи очекувања. Најави дека ќе води бескомпромисна борба со криминалот и ќе нема толеранција за…











