Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, по повод 100-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу САД и Албанија, денеска им донесе среќна вест на граѓаните. 

Одлуката почнува од 1 април а, со неа секој албански државјанин кој ќе сака туристички или деловно да оди во САД, визата ќе му биде издадена на 10 години. 

Одлуката на САД за продолжување на важноста на визата на десет години меѓу другото била и поради тоа што Албанците се повеќе ги следеле американските правила за престој.

Досега овие визи се издаваа на три години. 

– Се надевам дека ќе најдеме уште повеќе начини да ги зближиме Албанците и Американците. Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде во САД и со нетрпение очекуваме уште 100 години како пријатели. Ви благодарам, рече накрајот амбасадорката Ким.