Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За денеска закажано петото продолжение на конститутивната седница на косовското Собрание

0
By Marija Todorovska on April 23, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 23, 2025 10:15

За денеска е закажано петтото продолжение на конститутивната седница на косовскиот Парламент, а политичката блокада околу конституирањето на косовското Собрание се заканува да се продлабочи, бидејќи партиите остануваат непоколебливи во своите позиции, јави Бета.

Движењето Самоопределување се уште инсистира на кандидатурата на Аљбуљена Хаџиу за претседател на Собранието, додека опозицијата одбива каков било компромис доколку не се смени името на кандидатот.

На двете претходни гласања, јави дописникот на Бета, Хаџиу не успеа да ги обезбеди потребните 61 гласа, додека нејзиното име во понеделникот воопшто не беше ставено на гласачкото ливче.

„Иако на седницата во саботата, Гљаук Коњуфца од Самоопределување побара политички договор со другите субјекти за гласање за претседател и потпретседатели, немаше иницијатива од ниту една страна за средба и политички договор како единствен можен излез од актуелната блокада на конститутивната седница и конституирање на Собранието“, јави дописникот на Бете.

Тој подвлече дека истовремено претставници на Самоопределување укажале дека можат да ги блокираат предлозите на опозицијата за потпретседатели, со што би се спречило конституирање на собранието и продолжување на процедурите за избор на нова влада.

„Движењето Самоопределување вчера го отфрли и предлогот на претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, дека ќе гласаат „за“ доколку за претседател на Собранието бидат предложени Шќипе Сељими и Саранда Богујевци“, јави  Бета.

Тој подвлече дека и двајцата споменати пратеници денеска изјавиле дека партијата има свои предлози и дека не дозволуваат други да бидат „домаќини во нивниот дом“.

Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово побараа промена на кандидатите за претседател на Собранието, додека претставници на ДСК ја отфрлија можноста за средба со Самоопределување за да се постигне договор.

Не видовме друга намера за средбата освен да се прикаже како формалност. Ставот на ДСК е потврден и останува непроменет. Бидејќи не сме го промениле нашиот политички став, немаме причина да се сретнеме со некого или да се чувствуваме искористени. Овој став беше јасно соопштен и од претседателот Абдиџику. Не гледаме никаква поента на средбата, рече вчера заменикот на ДСК, Луфи.

За конституирањето на собранието рече дека тоа е задача на победничката партија и дека никој нема намера да и „даде политички кислород“ на таа партија.

За можноста за нови избори, пратеничката Мимоза Кусари-Љиља од „Самоопределување“ нагласи дека, дури и консултациите со другите партии да доведат до договор, прво треба да се конституира Собранието, за, како што рече, потоа да се постигне договор и 80 пратеници да гласаат за распуштање на парламентот и закажување избори.

Во понеделникот пропадна четвртиот обид за конститутивна седница на Собранието, потсети  Бета.

За успешно завршување на конститутивната седница мора да бидат избрани претседател и потпретседатели на собранието. Во спротивно, без уставен рок за конституирање на парламентот, пратениците се должни да се собираат на секои 48 часа.

Косово Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.