Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Монструм, СЈО го чека Законот за заштитени сведоци

0
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2018 16:14

Повторното судење за  случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро ќе продолжи на 14 март.

Обвинителот Наум Пановски и денеска на новото судење, рече дека остануваат на обвинението за тероризам.

Според обвинителот, обвинетите пред убиствата го разгледувале теренот кај Смилковското Езеро, запишувале кој кога доаѓа и кога заминува и од која националност се луѓето. Читајќи го обвинението, тој рече дека петте луѓе биле убиени на свиреп начин, со умисла, а кон нив било пукано со автоматски пушки кон повеќе предели од телото.

Судењето беше прекинато, бидејќи во обвинителниот акт го немаше обвинението против Сами Љута, кој подоцна беше уапсен. Со првичната пресуда тој беше осуден на доживотен затвор.

Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи, пред денешното рочиште во Кривичниот суд побара случајот да го презеде Специјалното јавно обвинителство.

-Очигледно постоеле прислушувани разговори за случајот, рече Рауфи.

Од СЈО, за НОВА велат дека случајот е се уште е во предистражна постапка.

-Се уште немаме донесено одлука дали ќе побараме преземање на овој случај, велат од СЈО.

Одлуката се очекува да биде за неколку месеци. Од СЈО уште додаваат дека клучно за нивната работа е да се донесе Законот за заштита на сведоци.

Премиерот Зоран Заев, неколкупати изјави дека меѓу незаконски следените комуникации има телефонски разговори и смс-пораки, кои може да фрлат нова светлина за вистината за петкратното убиство.

На прашањата какви сознанија произлегуваат од разговорите, тој одговараше: „Нема јас да го толкувам тоа. Може тие докази нема да ги дадат сите одговори, но може ќе дадат огромен процент и расчистат многу облаци кои сѐ уште надвиснуваат над овој процес“.

Претстaвник на семејствата на обвинетите во случајот  „Монструм” неодамна во емисијата Ноќно студио, откри детаљ од “бомбите” за оваа контроверзна афера.

„Јас слушнав еден разговор помеѓу двајца протагонисти, маж и жена. Едниот вели „Таму ништо не е најдено, не е оставена никаква трага, но јас имам план”. Другиот прашува „Кој е планот” a овој одгoвара „Не можам по телефон да ти кажам”, изјави  Бедри Ајдари брат и татко на обвинетите за случајот Монструм.

Прашан дали има нови информации кои доведоа до пресврт во обвинителството, Бедри Ајдари рече дека се што знае е дека тој самиот видел дека полицијата пред две или три недели вршела истрага на местото на настанот.

Повтореното судење за Монструм, стартува откако Врховниот суд го прифати барањето на Јавната обвинителка Лилјана Спасоска во декември минатата година, да се  прифатат жалбите на обвинетите и да се укине првостепената и второстепената пресуда за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Спасовска тогаш рече дека се издржани жалбите на обвинетите со кои се тврди дека се спорни материјалните докази и нивниот сомнеж за направените вештачења.

Обвинителката додаде и дека отсуството на сознанија од прислушуваните материјали, кои не ги добиле од СЈО, оневозможува правична и правилна оценка на доказите.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Самил Љута. Првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ со години се во бегство во Косово и против нив има распишано меѓународни потерници.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Монструм СЈО телефонски разговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.