Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За што се преговара на средбата Заев и Ципрас во Софија

32
By Соња Петрушевска on May 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 17, 2018 12:10

„ Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните на двете држави – напиша премиерот Заев на Твитер, по средбата со грчкиот премиер Ципрас на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија, на која се очекуваше двајцата премиери да разговараат за т.н патоказ на идни чекори кои ќе треба да доведат до решавање на спорот. „Очекуваниот датум за преговори за нашата земја ќе превенира стагнирање на реформите и на економските процеси, како и интензивирање на национализмот, и ќе го поттикне инволвирањето на трети страни во регионот“, напиша во друг твитрер пост Заев.

Грчкиот премиер Ципрас пак,пред почетокот на средбата изјави дека „последните метри се најтешки“.

„Направен е напредок, но има уште пат да се изоди, напиша синоќа грчкиот премиер на Твитер во однос на преговорите за името.

Она што засега е извесно за текот на преговорите е дека евентуалниот меѓународен договор кои би го постигнале двете страни ќе треба да се имплементира во фази со што би се избегнала нова блокада од Грција за Македонија да ги започне преговорите со Унијата и да добие покана за членство во НАТО. Со оглед на времето кое преостанува – помалку од еден месец до почетокот на јуни – кога Унијата одлучува за почеток на пристапните преговори и НАТО Самитот што е закажан за јули.

„Решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција најверојатно ќе започне со потпишувањето Договор за добрососедство и пријателство каков што беше Договорот со Бугарија. Откако ќе се постигне согласност за спорните прашања, во него ќе се внесат обврските на двете страни. Ќе пишува и дека Грција нема да го попречува влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ и во духот на добрососедските односи двете земји ќе соработуваат за унапредување на економските политичките и културните однои. Како и во договорот со Бугарија, ќе стои веројатно дека за спорните прашања од историјата на двете земји ќе се формира комисија која еднаш годишно ќе поднесува извештај до Собранијата на двете земји со цел да се надминуваат спорните прашања“, вели поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов за НОВАТВ.
Очeкувањата се дека со ваков договор, Македонија може да очекува покана за членство во НАТО и датум за започнување на разговорите за членство во ЕУ.
„На Македонија со еден таков договор ќе и се определи датум  кој  ќе треба да биде ратификуван во Собранието на Македонија и прифатен на Референдум.  Во меѓувреме ќе течат процесите за прием на Македонија во НАТО и во ЕУ. По постигнувањето на Договорот и усвојувањето од страна на Собранието на Македонија, медијаторот Нимиц ќе го информира генералниот секретар на ОН дека е постигнат договор за името меѓу двете страни и новото име ќе ја замени референцата во ОН“, вели Спасов.
Клучни елементи во Договорот ќе бидат: Новото име за кое се преговара (најверојатно Република Горна Македонија-прведено на англиски и одвоено напишано), јазикот на земјата во Обединетите нации да  остане македонски, придавката македонски да може да се користи како трговска марка без ограничување од двете страни, кодовите на земјата остануваат МК и МКД и дека со овој договор не се загрозува правото на етничко и национално самоопределување.
Клучното инсистирање на Грција покрај ова е во Уставот да стои новото име, што би се додало со амандман, но од денот на приемот на Македонија во ЕУ.
Покрај проблемот со името, Македонија ја чекаат и други предизвици на овој пат.
Во дипломатските кругови  се погласно се зборува за дилемите кои ги имаат одредени земји членки на Унијата – дали сега е моментот за проширување на ЕУ. Една од овие земји е секако Франција. Премиерот Заев вчера имаше средба со  Макрон – на која францускиот претседател требаше да се убеди дека Македонија ги исполнува европските реформи.„Не сакам да откријам ништо. Бев многу среќен да се сретнам со целиот тим. Зборувавме многу отворено за сегашната ситуација и многу добрата работа на тимот која е во многу добар правец“, рече кратко Макрон по средбата со Заев за Независен.мк.

Најмалку уште една земја на ЕУ се противи на проширувањето на Унијата со нови членки во овој момент. На Самитот во Софија, Заев ќе се сретне и со германската канцеларка Меркел.

Во ваков амбиент, Македонија може да одлучи и да не прифати ништо во преговорите, ако смета дека ќе дојдат подобри времиња во кои ќе биде можно решавање на спорот или ако смета дека не мора да биде членка на НАТО и ЕУ, коментира за НОВАТВ  екс амбасадорот Спасов коментира дека Македонија.

 

ЕУ и НАТО меѓународен договор Софија спор за име Средба Заев Ципрас Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.