Утре на пладне ќе се одржи првата седница на новата влада. Се уште не официјално не се знае кои ќе бидат точките за кои ќе расправаат новите министри. Според неофицијални информации, можно е на утрешната седница да се расправа за разрешувања на актуелните директори на државните фирми и институции, и назначувањето на нови.
Наскоро треба да се избере и генерален секретар, чие име засега не се открива, иако во игра се повеќе опции.
Партиите и денеска продолжија со препукување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ ја интересираат само популистички мерки, а не проекти. Поради тоа сметаат, рокот на новата влада нема да биде долг. Од владејачката партија пак вратија дека нивната влада ќе го подобри животниот стандард на граѓаните, а популизмот бил главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.