На граничните премини „Дојран“ и „Богородица“ за влез во Грција се чека од 15 до 30 минути, соопштуваат од АМСМ.
Оттаму наведуваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.