Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрана за ДИК да објавување на Избирачкиот список

0
By Нова ТВ on March 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2016 15:07

 

Дирекцијата за заштита на личните податоци по извршен вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија по службена должност во врска со објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб страна, донесе две привремени решенија.

Со едно и се забранува на ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список на начин кој не е во согласност со прописите за заштита на личните податоци, додека со другото и се забранува на Државната изборна комисија да објавува на својата веб страна лични податоци на физички лица (име и презиме, пол, адреса, место и општина, датум на раѓање, податок за иселени лица и број на гласачко место) содржани во Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки.

Во однос на првото привремено решение, Државната изборна комисија е задолжена да преземе мерки при пребарување во Избирачкиот список објавен на веб страната:

– преку одредена општина да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи во таа општина;

– преку одредена адреса да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи на таа адреса;

– преку одредено име и презиме да не се прикажуваат  личните податоци на сите лица кои го имаат тоа име и презиме.

Во привременото решение е утврдено дека објавувањето и електронскиот пристап до личните податоци во Избирачкиот список преку веб страната на Државната изборна комисија од страна на неодреден број лица не е правично и во согласност со закон и е извршено на начин што не е во согласност со конкретна и јасна законски утврдена цел, спротивно на член 31 став 2 точка 28-в и 28-г од Изборниот законик и член 5 став 1 и став 4 од Законот за заштита на личните податоци.

Имено, Изборниот законик во членот 55 став 1 предвидува дека личните податоци содржани во Избирачкиот список се заштитени во согласност со закон и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на избирачкото право на граѓаните. Но, со овозможувањето на електронски пристап до името и презимето и адресата на сите избирачи преку интернет за неодреден период, постои ризик личните податоци да бидат употребени и за други цели.

Во врска со второто привремено решение, Дирекцијата за заштита на лични податоци смета дека објавувањето и овозможувањето на електронски пристап на Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки кој содржи 89 384 записи со лични податоци на физички лица каде што пристап и можност за преземање имаат неодреден број лица, не е правично и не е во согласност со Изборниот законик и Законот за заштита на личните податоци.

Привремените решенија се издадени со цел да се спречи понатамошна повреда на правата на субјектите на лични податоци и нанесување на евентуални штетни последици до донесувањето на решенијата.

Дик Дирекција за заштита на лични податоци забрана Избирачки список
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.