Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев бара снимките од ПИМ да ги гледа и јавноста, судот одлучува

0
By Нова ТВ on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 19, 2018 10:20

Адвокатите на Зоран Заев на почетокот на денешното рочиштето за „Поткуп“ побараа од судот јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „јутјуб“ биле нецелосни.

Обвинителите од СЈО се против ова барање. Обвинителката од СЈО Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето.

И Заев побара да биде вклучена јавноста за, како што рече, да си врати дел од изгубената чест.

Советот на судии се повлече за да донесе одлука по барањето на одбраната.

 

За денеска е предвидено исказ да даде Николов Сачевалиев кој  на претходното рочиште на 6 март не присуствуваше, бидејќи наводно не бил уредно поканет. Исто така, треба да бидат прегледани и доказите и ЦД-та.

Заев на претходното рочиште на 6 март рече дека не се чувствува виновен и дека е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него, конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата.

Според Заев, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР за да тој како тогашен лидер лидер на опозицијата, престане со проектот „Вистината за Македонија“, односно со објавувањето на т.н. бомби во првата половина од 2015 година.

-Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено – рече Заев пред судот.

Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.

Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ,  од кои делови беа објавени на видео-сервисот „Јутјуб“ да бидат доказ во постапката.

Заев јавност ПИМ поткуп снимки Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.