Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Дебатата за даночната реформа е преуранета

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, денеска ја оцени како преуранета дебатата што ја отвори во јавноста најавата на министерот за финансии Драган Тевдовски за прогресивен данок, односно за оданочуивање од 18 проценти на приходите над 1.000 евра.

– Не треба да се плашиме од ниедна реформа што ќе дојде преку дебата. Дебата очигледно сега се отвора и според мене преуранета. Министерството за финансии треба да излезе со  податоци, да ги презентира, да даде доволно влезни аргументи па да почне дебатата. Рефрмата во персоналниот данок е владина програма,  а ако е владина програма таа ќе се спроведе. Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле или стои во некој документ. Целта е да се постигне ефект и благодает, а суштината е да постигнеме фер и правично општество, рече Заев.

Тој како пример наведе дека не може тој со 10.000 денари и тој со 10.000 евра плата да плаќа ист данок.

-Тоа не е фер општество.  Оттука преку дебата ќе ја одмериме границата на другата стапка што треба да биде воведена, а таа дебата треба дополнително да стигне до оние 3,4, 5 проценти горе, дури можеби и помалку од 5%  кои се екстремно богати и реално е да платат повеќе. При плаќањето повеќе,  државата ќе може да ја подигне социјалната помош на 12.000 денари и да го воведе бесплатното болничко лекување, да ги мотивираме лекарите. Но, истовремено не смееме да дозволиме младите информатичари кои сакаат да се вратат,  да заминат. Ние треба да ги мотивираме.  Сите давачки на работодавците  да бидат издржани, да не дестимулираат миграции надвор од државата, рече Заев, и одби да го каже својот став за предлозите, зашто како што рече, нема да има дебата ако премиерот се изјасни сега каков е неговиот став.

Тој најави дека паралелено се размислува за воведување на донок на добивка од три проценти за компаниите од информатичката технологија, за да може дополчнително да се мотивираат  големи компании да дојдат овде.

данок Заев информатика реформа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.