Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев, Димитров и Адеми на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

0
By Нова ТВ on September 17, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 17, 2017 11:23

ДПретседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од 17 до 23 септември, ќе присуствува на Генералната дебата на Генералното Собрание на Обединетите нации, кое оваа година се одржува по 72 пат, во седиштето на ОН во Њујорк, САД. Во македонската делегација е и министерот за надвоорешни работи Никола Димитров, како и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Заев ќе присуствува на свеченото отворање на работата на Генералното Собрание на 19 септември, и ќе има свое обраќање на пленумот на Генералната дебата на 22 септември.

Премиерот Заев ќе настапи со свое излагање на тематската конференција „Отворено владино партнерство“, и ќе учествува во работата и на други тематски панели за време на овој светски собир на претседатели на држави и шефови на влади, со кои ќе претседаваат Претседателот на Франција Емануел Макрон, потпретседателот на САД Мајк Пенс, Министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Борис Џонсон и Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Коендерс.

За време на Генералното Собрание на ОН, Претседателот на Владата на Република Македонија ќе има работна средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе други билатерални средби, меѓу кои и со премиерката на Норвешка и премиерите на Малта и Белгија.

Според агендата на престојот на Генералното собрание на ОН, премиерот Заев ќе има средби и со Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Планирани се и средби  на Заев со бизнисмени од дијаспората.

 

Влада Гутереш Зоран Заев ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.