Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Главна цел продолжува да биде повисок економски стандард

0
By Sashko on September 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дури и големите политички одлуки кои се донесоа заради единството во државата, ефикасноста на институциите, заради меѓународните договори, членство во НАТО, беа заради подобар стандард на нашиот народ, изјави вечерва премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На четири години и три и пол месеци откако СДСМ доби чест да ја води Владата, успеавме за шест илјади денари да ја качиме просечната плата, беше 22.800 сега е 28.744 денари. Минималната беше девет илјади денари, сега е 15.200, стапката на невработеност беше близу 25 проценти, сега е 15,9, значи повеќе од девет проценти е намалена стапката на невработеност. БДП продолжува да расте и покрај пандемијата, рече Заев.

Се што работиме, вели Заев, е заради подобрите економски политики.

Храбрите одлуки за минимална плата ги покачија и просечните плати. Три пати повеќе странски инвестиции за четири години. Главна цел продолжува да биде повисок економски стандард. Воведовме ефтина тарифа на струјата која ден денеска ја држиме. Јавниот долг е подигнат единствено заради помошта заради пандемијата. Сето тоа е во функција на поддршка на пандемијата. Овојпат заради последиците и добрите анализи на МЗШВ, дополнително за три денари ќе ги помогнеме лозарите, за три денари и јаболкарите ќе ги помогнеме, рече Заев.

Истакна дека со сите политики за време на пандемијата, милијарда и 150 милиони евра се пуштени кај граѓаните само по ковид мерките.

За да се стигне до просечна плата од 750 евра, според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски треба прво луѓето кои водат ресори и министерства да престанат да крадат.

„Второ треба да имаме ефикасна влада и институции, реални реформи и закони кои ќе им олеснат на работодавачите“, рече Мицкоски, посочувајќи дека рекордно е висока стапката на сивата економија, повеќе од 35 проценти и според него со овие параметри не може да се очекуваат повисоки примања.

Зоран Заев локални избори 2021 Македонија ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.