Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднаков пристап за напредок и развој

0
By Sashko on December 3, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преку сеопфатни политики и мулти-институционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднаков пристап за напредок и развој, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Оваа година го одбележуваме 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост со позитивни промени, како резултат на спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во нивното секојдневие, во здравството, образованието и социјалната заштита. И не само денес, инклузијата на овие лица во општеството е процес на којшто сме посветени секој ден од годината. Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и роднини, наведува Заев.
Овие наши сограѓани, стои во статусот, најмногу од сè бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Владата е инклузијата на лицата со попреченост во сите општествени текови. Тоа е особено важно кога станува збор за животот на овие лица во актуелниот миг на пандемијата со ковид-19 и за нивната транзиција без стрес во пост-ковид периодот.
Со цел унапредување и создавање квалитетно општество, во кое различностите се почитуваат и вреднуваат, се додава, Владата посветено работи на унапредување и олеснување на условите за живот на лицата со попреченост, без разлика на возраста на лицата.
Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. На тој начин овозможуваме лицата со попреченост да ги извршуваат секојдневните активности и да бидат активно вклучени во секојдневието.Ја изработивме апликацијата Аудио-читач, која на слепите и на лицата со оштетен вид им овозможува пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија на свој мајчин јазик. Отворени се 15 нови инклузивни детски градинки, кои им овозможуваат на децата со попреченост да се вклучат во предучилишното образование. За оние кои се грижат за своите најблиски, а кои се лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од платата доколку работат со скратено работно време, а за оние над 64 години возраст обезбедуваме еден вид на пензија, со цел да имаат економска сигурност, посочува премиерот на владините мерки.
Во афирмирањето на автентичниот концепт „Едно општество за сите“,  Владата и понатаму останува посветена да предничи и да ги промовира и штити правата на лицата со попреченост во областите како што се: еднаквост и недискриминација, слобода на движење, самостојно живеење, образование, пристап до стоки и услуги, вработување, правна поддршка и пристап до правда, здравство, и правото на политичко учество во сите процеси од стратешка важност за нашата држава, нагласува Заев во фб статусот.
3 декември Зоран Заев лица со попреченост Македонија Пост Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.