НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобеловата награда за мир

0
By Нова ТВ on December 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Номинирањето на Заев и Ципрас утре во Скопје ќе го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.

– Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот, вели Бушамауи.

На денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, Бушамауи изрази поддршка за мирот, стабилноста и безбедноста и ги поздрави напорите на двете страни за избегнување на конфликти и за изнаоѓање мирно решение на отворените прашања, покажувајќи на тој начин дека проблемите можат да се решаваат преку дијалог.

Уидед Бушамауи

Ја потенцираше и важноста двата парламента да ги завршат започнатите активности, бидејќи овој модел е високо ценет од меѓународната заедница и истиот треба да служи како инспиративна лекција за целиот регион.

На церемонијата во ФОН ќе присуствува европратеникот Стелиос Колуглу од редовите на грчката партија Сириза, кој дава поддршка за оваа номинација.

Тој во интервјуто за МИА во ноември годинава рече дека на Договорот што го постигнаа Заев и Ципрас му е потребно меѓународно признание и оти заслужува Нобелова награда за мир.

– Овој договор заслужува Нобелова награда за мир. Ако зборувате со кого било во Европарлментот, од левицата или од десницата ќе ви го кажат истото. Дека е фундаментален договор за стабилноста и мирот на Западен Балкан и многу ќе придонесе за стабилноста на цела Европа. И не само тоа, туку е и модел за решавање спорови што може да биде репродуциран во други конфликти, рече Кулоглу за МИА.

На утрешната церемонија, покрај Бушамауи и Кулоглу, ќе се обратат и ректорот на ФОН Нано Ружин и генералниот менаџер на Првиот приватен универзитет Сефер Цаноски.

По церемонијата во Скопје, на 19-ти декември, Бушамауи, Ружин, Цаноски и Кулоглу заминуваат во Атина, каде што ќе се сретнат и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат иницијативата.

Стелиос Колуглу и Уидед Бушамауи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во обраќањето на 18.Меѓународен форум во Доха истакна дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија е пример за мирно решавање на транснационалните спорови.

-Договорот меѓу Атина и Скопје е успешен пример за транснационалните напори за затворање на спорни прашања. Договорот ќе има биде од корист за целиот балкански регион, рече Гутереш.

Договор Заев Нобелова награда за мир Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.