Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ја презеде функцијата премиер, го осуди нападот врз Тодоров

0
By Нова ТВ on June 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 1, 2017 14:50

Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата ја презеде функцијата од досегашниот премиер Емил Димитриев. Заев беше придружуван од неколку членови од новиот владин кабинет.

Заев откако ја презеде функцијата изјави дека уште денеска ќе даде насока да се отворат портите на зградата, оти, како што вели, верува во отвореноста на Владата.

-Бев запознаен со состојбата во државата, секако таа не е сјајна, но не е и драматична, така беше пренесено. Ние кога ќе ги направиме увидите веднаш ќе соопштиме на граѓаните, но драго ми е што по еден ваков пријателски начин се направи примопредавањето кое што испраќа исто така позитивна порака за граѓаните дека без разлика на политичките околности, нашите политички позиции и некогаш спротивставени со политичките опоненти, сепак на сите им е јасно дека ќе си требаме еден со друг заради граѓаните, заради државата, заради реформите и за сето она што е интерес за граѓаните, изјави Заев.

На новинарско прашање во врска со денешниот вооружен напад врз екс министерот за здравство Никола Тодоров, Заев го осуди и рече дека се уште не ги знае деталите но дека му е драго што поранешниот министер е безбеден и сигурен.

-Ние сме луѓе треба да си помагаме, не треба да испраќаме лоши пораки, рече Заев.

Прашан за тоа како ќе постапи во случајот со директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој се посочува како директно одговорен за организираното насилие во Собранието, Заев вели дека ќе постапуваат по закон и дека намерата им е да ја преземат власта за да може да ја гарантираат безбедноста и иднината на сите граѓани.

Влада Зоран Заев Никола Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.