Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Кампањата ќе биде едукативна и мобилизирачка за поголем цензус

1
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 14:27

Огромен процент од граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и впрочем и дури и тие што се против, се со мали минорни бројки и тоа е дел од таа кампања што постои во Македонија, предводена од „Бојкотирам“, изјави премиерот Зоран Заев по формалното отворање на кампањата на ЕУ „Замисли иднина заедно“.

Тој се надева дека опозицијата ќе биде позитивна заради тоа што, посочи, и таа е за Европската унија и за НАТО.

– Ги знам и ги разбирам нивните несогласувања со договорот со Грција, но истовремено уште еднаш уверувам дека ако оставевме на времето никој не гарантира дека ќе постигневме подобар договор, а договорот е фер и праведен, рече Заев.

Потсети дека договорот ја гарантира европската иднина на земјата, го потврдува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, химна, знаме, грб и, како што кажа, сето она што се наши атрибути како земја, како држава, како народ, сета наша мултиетничност и различност.

– Мојата амбиција не е да постигнам резултат каде што повеќе од граѓаните ќе бидат „За“. Тоа е веќе постигнато. Тоа е јасно во Македонија. Нема друга алтернатива освен полноправното членство во НАТО и ЕУ  и градење пријателство со соседите. Но, нашето лице ќе биде цензусот, односно излезеноста на повеќе од  50 отсто од граѓаните од вкупниот број гласачи,  а согласно последниот избирачки список тоа се 903.000 гласови кои што треба да излезат најмалку на референдумот, за да имаме донесено одлука согласно Уставот како што е пропишано, рече Заев.

Најави дека кампањата за референдумот ќе биде „пријатна, едукативна и мобилизирачка“, односно поразлична од онаа на политичките партии за парламентарни или локални избори, каде што, како што рече, граѓаните ќе излезат многу слободно, растоварено и ќе одлучат за својата европска иднина.

Рече дека медиумскиот простор ќе биде платен од парите што Владата ги алоцираше во Парламентот, што, како што потсети, е покренувач на постапката за референдумот.

– Уште еднаш да расчистиме – овие пари се поделени по мандати, значи не се поделени по пратеници како поделени пари за пратеници согласно добиените мандати, и нивната определба за „за“ и „против“ така ќе бидат закупени и медиумските простори – сто отсто од тие пари одат во медиумите, рече Заев.

Европските вредности и придобивките од членството во Европската унија, во пресрет на референдумот за името, ќе бидат дел од кампањата на мисијата на ЕУ во Македонија. Кампањата започнува од денеска, а евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, ја нарече најголемата и најважната која Европската Унија до сега ја водела.

Дел од тимовите за скринингот се подготвени

На новинарско прашање дали се комплетно опремени тимовите за скринингот на ЕУ што почнува во септември и дали ќе учествуваат и граѓанските организации, Заев рече дека тимовите се оформени до тој дел до каде што е можно, а се разговара и понатаму со граѓанските организации.

– Наша позиција е граѓанските организации да бидат максимално вградени, заради тоа што имаат сериозни капацитети, во одредени области дури и повеќе од капацитетите на државните институции  и тие не само што треба да бидат дел од преговарачките тимови по групи и по поглавја, треба да бидат дел од главниот преговарачки тим, но имаат и должност да бидат, заради тоа што тие капацитети се создадени и се наши, на Македонија и треба да бидат искористени. Ако максимум ги искористиме сите наши капацитети толку побрзо ќе отвораме и затвораме поглавја кои што живот ќе значат за граѓаните, рече Заев.

Изрази уверување дека се ќе биде завршено до јуни 2019, во процесот на подготовка која ЕУ ја очекува од земјава – а тоа е формирање на преговарачките тимови, отворање на претпристапните преговори, скринингот.

Заев кампања скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.