Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев најави дијалог со активистите кои протестираат против гасоводот

0
By Нова ТВ on August 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 30, 2018 13:36

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент на Водно меѓу градежни работници и активисти од граѓанските движења од областа на екологијата, кои протестираа за заштита на шумата.

– Прво да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристи и кои било други претставници на изведувачите, работници и наши граѓани коишто работат. Апсолутно осуда е ваков настан макар и преку закана дека некој ќе нападне човечки живот или не знам што ќе направи за да ја извршува својата работа, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека ветиле дијалог по ова прашање и дека се одржале десетици и десетици состаноци со граѓанските активисти затоа што се работи за нашето Водно, за белите дробови на Скопје, но истовремено се работи за проект којшто ќе биде од огромна еколошка пред се вредност, а понатаму и од економска вредност за граѓаните.

– Секоја цевка заштедува илјадници дрвја пред се и на Водно, а и на Шар Планина заради тоа што гасоводот води према Тетово и Гостивар. Јас се надевам дека сите заедно внимателно и будно ќе продолжиме да го следиме проектот на реализација на гасификацијата која што поминува во подножјето на Водно заради тоа што дефинитивно која било друга алтернатива може да направи само поголеми штети од ова што сега го имаме, истакна премиерот.

Атернативата преку Скопска Црна Гора, како што посочи Заев, според пресметките двојно повеќе прави штета во кубни метра дрвја.

– Овде се проценети 1.400 метри кубни дрвја коишто ќе бидат десеткратно најмалку надокнадени. Знаете дека токму поради аргументираните сугестии на граѓанските организации, на граѓанските движења од областа на екологијата, периметарот на сечењето на шумата од 25 метри е намален на 10 метри, остануваат 25 метри надвор од шумскиот појас и продолжуваме во дијалог токму со нив во организација на овој проект. Немаме намера ништо да биде така избуткано со сила. Токму во разговор и во дијалог со граѓаните трудејќи се да ги запазиме сите еколошки аспекти ќе продолжиме во реализацијата на овој значаен капитален проект за граѓаните, за државата, но и за екологијата во Република Македонија, рече Заев.

Според него, изградбата ќе застане таму каде што граѓанските движења од областа на екологијата имаат забелешки, а таму каде што немаат, ќе продолжи.

– Секако, таму каде што има забелешка внимателно ќе слушаме, ќе разговараме, ќе гледаме во дијалог да ги најдеме решенијата. Посветени се институциите. Јас гледам брза реакција од МЕР директно преку изведувачите, извинувањето веднаш се случи, дури имаа и одредени санкции коишто се покренати. Тоа го видов уште од вчера, но истовремено стојам дури и јас на располагање и сите државни институции да бидеме максимално посветени преку дијалог да изнаоѓаме решенија на вакви проблеми. Не случајно граѓаните наши реагираат. Тоа не е така од што им текнало, туку има причини за тоа. Ако има причини институциите се должни да слушаат внимателно и преку тоа да изнаоѓаат решенија како да се постигне и реализацијата на проектите, но и еколошки сето тоа да биде безбедно, рече Заев.

Водно гасовод Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.