Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Намалување до 75 проценти на казните за прекршоци

0
By Нова ТВ on December 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во владина процедура влегува законот за прекршоци кој предвидува намалување на казните од 75 до 150 проценти, најавија денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Тренеска Десковска.

„Со новото решение, минималната глоба за физичко лице е 15 евра, а максималната ќе биде 250 евра наместо досегашните 1.000 евра. За правните лица при одредување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, број на вработени и претходни санкционирања за исти или слични прекршоци. Во законот првпат се прави градација меѓу малите, средни и големи претпријатија. За малите глобата ќе биде од 50 до 2.000 евра за разлика од претходниот закон каде изнесуваше 5.000 евра. За средните и големи претпријатија минимална изречена глоба ќе изнесува од 250 до 10.000 евра“, истакна премиерот Заев и додаде дека со новиот закон трговец поединец ќе се третира согласно законот за трговски лица односно како физичко лице.

Повисоки глоби ќе може да се изрекуваат за прекршоци од областа на даноците, царините, јавните набавки, прекршоци од областа на заштита на здравје на луѓето, на заштита на природата, животната средина, итн. Со ова, како што рече премиерот, се прави јасна дистинкција што е важно, а што е човечно во делот на прекрочната постапка. Според Заев, глобите се пропорционални за тежината на прекршокот, а казната за прекршок не треба да го отежни животот на граѓаните туку, како што рече, да доведе до корекција на нивното однесување.

Министерката Рената Тренеска Десковска рече дека со новиот закон акцентот се става на опомената. Намалување на максималната глоба ќе има и за санкционирани нерегистрирани возила повеќе од 30 дена што ќе изнесува 250 евра наместо досегашните 500 евра, за технички неисправно возило 250 евра наместо досегашните 400 и предизвикување бучава ќе се казнува со 250 евра наместо досегашните 450 евра, информираше Тренеска Десковска.

„Станува збор за закон што практично ќе значи решавање на проблемите на граѓаните заради драконските казни со кои се соочуваат и на претпријатијата кои честопати беа непотребно казнувани со превисоки казни и значеа и затворање на некои фирми заради висината на казната, рече Дескоска-Тренеска.

Извршната директорка во Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ рече дека Комората во име на бизнис-заедницата до Министерството за правда укажале на потребата на стопанствениците во делот за ревидирање на системот за прекршочни санкции и заедно со повеќе стопанственици биле вклучени во сите подготовки на законот со работната група, за самите да ги слушнат барањата и конкретните проблеми со кои се соочува бизнис-заедницата.

Глоба закон Зоран Заев Прекршок Рената Тренеска Десковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.