Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нашите поддржувачи одлучуваат слободно за кого ќе гласаат

0
By НОВА ТВ on October 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 20, 2021 17:30

Нашите поддржувачи одлучуваат слободно. Никој од нас нашите гласачи не ги носи во џебот, ниту некој има контрола врз нив, рече денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали се договориле со владините партнери ДУИ и БЕСА кого ќе поддржат во вториот круг на локалните избори.

– Тука се поставува и уште едно прашање: Што правиме во Долнени или Чашка, Арачиново. Кога како коалициски партнери имаме два кандидати, нормално нашите поддржувачи одлучуваат слободно. За поддржувачите, рековме и во недела вечерта, дека никој од нас нашите гласачи не ги носи во џебот, ниту некој има конторла врз нив, рече Заев на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Тој додаде дека гласачите можат да ги привлечат со нивната програма или нивните кандидати, и врз основа на тоа да го бараат нивниот глас и нивната поддршка.

Заев посочи и дека инструкции можат да дадат само на нивните членови, но не и на симпатизери.

– Ние на нашите членови можеме да дадеме инструкции, на нашите активисти, тие што се определиле за СДСМ и кои во наше име ја презентираат нашата програма пред другите и бараат поддршка. Нашите симпатизери сами се определуваат на изборите, рече Заев.

Прашан за поддршката за вториот круг од локалните избори 2021 од претседателот на ЛДП, Горан Милевски, Заев рече дека се владини партнери. Слободата и демократијата, како што рече, им даде право и самостојно да настапат, да се здружат еве две партии, имаме поединци од „Шарена револуција“, независни граѓани кои настапија на изборите.

– Тоа е убавината. Вредностите во кои веруваме се нешто кое не држи заедно и ќе не држи. Тие вредности денеска беа афирмирани од сите коалициски партнери, изјави Заев.

Тој смета дека е понижување кон секој граѓанин кој дал свој глас и ќе се препознае „во повикот на Заев, Милевски или Ахмети, сега да му се каже за кого да гласа“.

– Секој граѓанин има свој интегритет и секој граѓанин знае што е најдобро, не само за себе, за својата општина, за својата земја. И апсолутно повикот за вредности во кој сите веруваме е своевиден повик до сите граѓани да се определат онака како што мислат и да се борат за својата земја, да се борат за својата општина. Четири години зависи од личностите што ги бираат, но сега, во првиот и во вториот круг зависи токму од граѓаните и од никој друг, нагласи Заев.

Заев избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.