Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев нема да го смени Рашковски: Не постапил незаконски и се извинил „до небо“ за навредите

0
By Нова ТВ on July 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека во овој момент нема да го разреши генералниот секретар Рашковски затоа што не сторил ништо незаконски, а се извинил и „до небо“ за навредите кои на аудио снимката која беше објавена во дел од медиумите се слуша дека ги упатува кон Илаијанците и ромската заедница.

„ Се работи за тендер на М-НАВ кој што е завршен уште во 2016 година, но никако не се потпишувал за да почне неговата имплементација. Сето ова  беше јасно и детално објаснето и верувам дека ќе има соодветна истрага и кривични постапки. Генералниот секретар доби насоки од Владата да ги забрза процесите затоа што се работи за систем важен за безбедноста.

Секој кој што покажува ароганција треба да сноси одговорност но и секој има право да ги каже своите аргументи во јавноста. Ние го почитуваме критичкиот осврт на медиумите, но не можете некој да го правите салата кога сакате и како сакате. Владата нема да поднесе тужби не е наша работа да се тужиме со новинарите и медиумите но секоја  индивидуа има право да го заштити својот интегритет.

Кога прифаќаме функции тоа не значи дека секој може да биде боксерска вреќа и кога тоа го заслужува и кога не го заслужува“ рече Заев.

Заев кажа дека Рашковски не договорал тендер или избор на фирма, затоа што тендерот и изборот на италијанската фирма „Леонардо“  биле завршени во 2016 година.

„Не се работи за никакви провизи, за никакви награди затоа што работата била завршена уште пред три години во 2016. Не се договорал тендер, туку само следни чекори за негова реализација“ кажа Заев.

За навредите кои се слушаат на адуио снимката, советникот на Заев за надворешна политика Дане Талевски денеска упатил извинување до италијанскиот амбасадор во земјава, а во име на Владата се извини и Заев.

„ Италија е земја пријател, континуиран подржувач на Македонија, исто така ромската заедница – за неа псоветуваме огромен дел од проектите, алоцираме повеќе средства за подобар живот на Ромите и ја користам приликата да упатам извинување и од име на Владата, но на крајот дали тоа било монтирано со употреба на зборовите или не, ќе го каже истрагата„ рече Заев.

На директно новинарско прашање дали ќе го смени Рашковски Заев кажа:

„ Ќе ги согледаме последиците па ќе донесам одлука. Во овој момент – не, затоа што нема ништо законско – ги извршува работите добиени од Владата, а за навредите се извини“ .

Повеќе за темата:

Рашковски се извини за вокабуларот во аудио снимката, за тендерот ќе чека одлука од Судот

Случај Рашковски-Леонардо: Аудио-снимката во ОЈО, се отвораат нови непознаници

 

Заев Рашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.