Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Немам докази за руско влијание во Македонија

0
By Нова ТВ on September 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот, порача дека нема докази за руско влијание во Македонија.

– Немам докази за руско влијание овде. Руската Федерација е пријател на Република Македонија и нема ништо против интеграцијата на Македонија во ЕУ, но отворено е против НАТО, рече Заев.

Тој потсети дека нема алтернатива за Македонија освен ЕУ и НАТО, и дека Македонија „сака пријателство со сите земји“.

Заев истакна дека е запознаен со информациите за мрежи на профили кои шират лажни вести на социјалните мрежи и традиционалните медиуми и порача дека се надева дека ќе „можеме да ги дознаеме деталите“, но дека тој нема идентификувано земји кои шират лажни вести.

Заев предупреди дека „злоупотребата во форма на дезинформирање многу лесно се рефлектира врз  безбедноста и не претставува слобода на говор“.

– Видовме и во Македонија и во регионот колку штетна може да биде пропагандата, поттикнуваат насилство, затоа како влада повикуваме на конструктивна атмосфера.

Секретарот за одбрана Џејмс Матис кој денеска е во посета на Македонија, на новинарите кои патуваат со него во авионот им изјавил дека нема сомнение дека Москва финансира проруски групи во Македонија со цел неуспех на референдумот за името на земјата.

– Тие префрлија пари, а исто така, спроведуваат кампањи за пошироко влијание, рече Матис, кој утрово допатува во Македонија, објави „Вашингтон пост“.

Претходно и Њујорк Тајмс во текст објавен синоќа, цитира изјава на портпаролот на Пентагон, во која тој вели дека целта на посетата на Матис на Скопје е  да ги повика Македонците да гласаат на референдумот, додавајќи дека „Русија се обидува да ја убеди Македонија дека ќе биде напуштена од Запад, дека Русија има стабилно влијание на Балканот. Но тоа не е точно“, велат од Пентагон.

Во врска со посетата на Матис, Заев изјави дека очекува секретарот за одбрана на САД да пренесе порака за охрабрување и поддршка за референдумот.

– Матис е денеска дојден овде пред се да пренесе порака за охрабрување на референдумот дека добро е граѓаните да го искористат ова демократско право. Секако, ние ќе ја искористиме оваа прилика да разговараме за сите детали и соработката меѓу министерствата за одбрана на двете земји, на армиите за заедничките мисии кои ги имаме во Авганистан и јакнење на безбедносната соработка со САД, затоа што Америка е еден од нашите стратешки партнери, рече Заев.

Тој верува дека како Македонија која има покана за членство во НАТО ќе биде 30. членка на Алијансата и во тој контекст, како што додаде, има многу детали и теми за кои може да се разговара, како и пренесување на огромното искуство што може да се имплементира во одбраната.

– Конечна цел да бидеме достоинствен паертнер на земјите членки на НАТО за зачувањето на севкупниот мир во светот и овде во регионот.

Заев референдум Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.