Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нешто чудно се случува во собраниска Комисија за избор и именување

0
By Нова ТВ on December 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 12, 2019 16:51

Премиерот Зоран Заев во пресрет на денешната собраниска седница на која требаше да бидат потврдени двата нови члена на Судскиот совет, во интервјуто за Нова ТВ, што целосно ќе може да го погледнете во недела, зборува за нејаснотиите што се случија во Комисијата за избор и именувања каде поминаа предлозите на претседателот Стево Пендаровски, Весна Дамева и на ДУИ, Селим Адеми.  Во пакет со нив филтерот не го помина Павлина Црвенковска, предложена од СДСМ, поради нерешен исход во гласањето (6:6) по што во јавноста се изнесоа низа шпекулации околу наводната спрега меѓу старите владини партнери – ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

„Секој нека си носи одговорност. Граѓаните треба будно да следат што се случува во Собранието. Да не изберете член на судски совет Македонец, Албанецот да го изберете. И двајцата кандидати се мои сограѓани, но пораката отвора дилеми и за мене и за граѓаните. Зошто, кој, како и каде се договорил. За едно место се дава пас, за друго место не. Јас не знам што се случува во парламентот. Штом добијам информации, гласно ќе зборувам доколку се потврди дека има спрега за блокирање на процесот за враќање на правото и правната држава. Таму, во секој случај нешто се случува“, вели Заев кој нагласува дека Комисијата во која мнозинство има опозицијата (седум члена) додека владејачката коалиција СДСМ-ДУИ шест, ги блокира и Законите за медиуми, блокира избор на Програмски совет на националниот сервис, на АВМУ, членови на судски совет, членови на Обвинителски совет и други контролни функции.

Заев, меѓудругото, апелира и до овој состав на Судскиот совет да ги употреби сите алатки што ги има на располагање за да се случи неопходното проветрување.

„Јас ни знам кои точно судии се дел од Судскиот совет, но сакам да си го завршат тоа што им е обврска според законот. Имаат прекрасна шанса да стават печат дека тие, во време кога ја добиле честа, направиле прочистување во судството. На располагање им е проверка на судир на интереси, фамилијарната поврзаност, личните интереси. Сето тоа е вградено во новиот Закон за судовите што го донесовме“, додава премиерот.

На денешната пленарна седница во македонскиот Парламент се очекува да бидат избрани Весна Дамева и Селим Адеми за нови членови на Судскиот совет, откако нивните кандидатури минаа на собраниската Комисија за избор и именување. Тоа го потврди и пратеникот Мухамед Зекири, кој како и Заев го оцени како „чуден“ епилогот од последната седница на Комисијата за избор и именување во Собранието.

Зоран Заев Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.