Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Никогаш не сме биле поблиску до портата на ЕУ

0
By Нова ТВ on April 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминатите два извештаи на Европската комиија заради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите и констатицијата за заробена држава, препораката за почеток на преговори со Европската унија беше суспендирана и условена со обезбедување демократски амбиент и демократски реформи. Оваа година препораката е чиста и безусловна и само ни претстојат чекорите кои треба да ги изодиме до портата на ЕУ. Никогаш не сме биле поблиску и нема да отстапиме ни педа од овој процес, рече премиерот Зоран Заев на седницата на Националниот совет за евроинтеграции на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за Република Македонија за 2018 година.

Тој го оцени добивањето на безусловната препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ како настан на кој се горди сите граѓани, како потврда за постигнатото и додаде дека тоа претставува силен мотив за да се продолжи со реформте со цел во јуни да се добие датум за старт на преговорите.

– Подготвени сме за тој нов чекор напред. Цврсто сме определени да спроведеме одржливи решенија низ суштинските реформи во сите области опфатени во планот 3-6-9, рече Заев и додаде дека Владата уште порешително ќе ги води реформските процеси во следните два месеца.

Потенцира дека врз основа на Извештајот на ЕУ се утврдени следните итни реформски процеси што треба да се спроведат до крајот на годинава.

Бугарскиот амбасадор Иван Петков, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, посочи дека сите граѓани на Македонија можат да бидат горди на добивањето на безусловната препорака бидејќи сите помогнале за тоа и додаде дека за тоа придонело и подобрувањето на добрососедските односи, а посебно потпишувањето на договорот со Бугарија за кој, како што кажа, била неопходна храбрст на двајцата премиери. Најави дека на состанокот на ЕУ во Софија во мај ќе се разгледува како може да им се помогне на сите земји од Западен Балкан да продолжат со реформите со цел да станат идни членки на Унијата.

Лукас Холуб од Делегацијата на ЕУ во Македонија истакна дека и покрај евидентираниот напредок во Извештајот на ЕУ, земјава треба да продолжи со реформите. Тој препорача ДИК да се фрмира навреме со мандат и ресурси за спроведување на својата задача на непристрасен и транспарентен начин, Собранието да води конструктивен дијалог, да не се донесуваат закони по скратна постапка, покрај СЈО и другите институции на многу поактивен начин да водат борба со корупцијата, да се зголеми независноста на регулаторнтие тела.

Вицепремиерот за евроиеграции Бујар Османи нагласи дека извештајот се однесува за 16 месеци и ги опфаќа деловите од работата на минатата и сегашната Влада.

– Извештајот по првпат дава споредба со земјите од регионот и можност за споредба на сработеното. Иако Македонија нема отворено ниедно поглавје, а некои ги имаат отворено сите 30, таа е прва во исполнувањето на економскиот дел и го дели првото место со Црна Гора во политичкиот дел, рече Османи.

Претседателот на Националниот совет за евроитенграции Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на сите ќе ни биде подобро доколку ги применуваме европските стандарди. Тој посочи дека земјава треба да премине на примена на законите, а не само на нивно усогласување со европските стандарди, дијалогот да биде отворен и инклузивен, а не толку далеку од јавноста. На Владата и препорача да биде отворена за критика и наместо на славење да се насочи кон критичките извештаи за да ги поправи деловите кои се посочени, како и да ја подобри економијата.

Попски рече и дека во минатото СДСМ како опозиција правела политички опструкции, но земјата економски напредувала, а сега иако ВМРО-ДПМНЕ како опозиција не прави никакви опструкции државата екномски назадува

ЕУ Заев Извештај на ЕК Македонија Националниот совет за евроинтеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.