Премиерот Зоран Заев ја напушти церемонијалната свеченост на Мечкин Камин организирана од претседателот Стево Пендаровски по повод 2 Август.
По Заев, церемонијата според информации на НоваТВ, ја напуштија и вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски и министерот за здравство, Венко Филипче.
Тие од Крушево се упатија во Кочани по алармантната состојба со пожарите.
Претходно, министерот Оливер Спасовски по координација со Заев и претседателот Пендаровски замина од Мечкин Камин.
ЦУК: Испратено е итно барање за помош, пожарот излегол од контрола